Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан - Канал 5

Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан

- Дијалогот Белград-Приштина е неопходен за да се движиме напред. Сега е време повторно да се ангажираме, додаде Калас. 

Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан

Во следните два дена ќе ги посетам Србија, Косово и Македонија и ќе се ангажирам со владите и граѓанското општество за нивниот пат кон ЕУ, објави утрово на Икс високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на официјалниот дел од нејзината работна посета на Белград.

- Дијалогот Белград-Приштина е неопходен за да се движиме напред. Сега е време повторно да се ангажираме, додаде Калас.

Во рамките на како што наведе во објавата, нејзиното „враќање на Западниот Балкан“, Калас утре ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот Дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија, а во придружба на министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе ја посети постојаната Балканската медицинска работна група. Таа ќе има средби и со претставници на младински и студентски организации од земјава.

Ова е втора посета на Калас на регионот по нејзиното преземање на должноста, откако претходно од 7 до 9 април престојуваше во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

Маск објави мапа за фертилитетот во Европа: Косово единствено во зелено, а еве колкав процент има Македонија

Милијардерот и поранешен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, сподели на својот профил на социјалната мрежа X интересна мапа во врска со состојбата на фертилитетот во Европа.

Маск објави мапа за фертилитетот во Европа: Косово единствено во зелено, а еве колкав процент има Македонија

Или Европа ќе почне да има големи семејства, или ќе продолжи да изумира – напиша Маск покрај мапата.

На мапата се прикажани европските земји и бројките според очекуваниот број на деца по семејство. Се вели дека стапката под едно дете е „исклучително ниска“, до едно дете е „ниска“, до 1,5 деца е „недоволна стапка“, до 1,9 деца е „блиску до стапката на замена“, а повеќе од 2,1 дете е „над стапката на замена“.

Можеби ќе ве интересира:

Маск се подбива со Трамп за случајот Епстајн: Каде е ветената листа на клиенти?

Бројки што откриваат кога би можел да се случи колапс на ЕУ поради нискиот наталитет

И како што може да се види на мапата, голем дел од Европа е „во црвено“, а Украина се издвојува со најлоша состојба, каде очекуваниот број на деца по семејство е 1,0.

Во западниот дел на Стариот континент, Франција се истакнува со стапка од 1,63, што е една од најдобрите статистики во Европа.

Балканот над просекот во Европа

Балканот исто така се издвојува, каде што поголемиот дел од земјите имаат стапка од 1,5 или повеќе.

Босна и Херцеговина е во средината со 1,58, Србија (1,61), а Црна Гора (1,79).

Малку послаба е Албанија со стапка на наталитет од 1,38 деца по семејство и се наоѓа во црвената зона. Но, „апсолутен европски рекордер“, според мапата, се смета Косово, кое има повисока стапка (1,9).

Можеби ќе ве интересира: Македонија во длабока демографска старост

Иако нашите соседи имаат нешто подобар процент од нас, Македонија е во црвеното, и тоа со (1,48). Покрај овие, Молдавија има (1,66), а Бугарија (1,72) исто така имаат стапки над „црвеното“ ниво.

Од друга страна, освен Украина, Шпанија (1,12), Литванија (1,13) и Естонија (1,17) се „на дното на европската листа“, пренесува Бизпортал.

Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра

 Илјадници Авганистанци се преселиле во Велика Британија како дел од тајна шема воспоставена откако нивните лични податоци „протекоа“ во јавноста по грешка на британски функционер, објави Би-Би-Си утрово.

Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра

Протекувањето на податоците се случило во февруари 2022 година, кога речиси 19.000 лица, кои аплицираа за преселување по пристигнувањето на талибанците во Авганистан, станаа достапни онлајн.

Владата дозна за инцидентот во август 2023 година кога податоците станаа достапни на социјалните медиуми.

Девет месеци подоцна, беше воспоставена нова програма за преселување за оние чии имиња се најдоа на списокот на Авганистанци за кои протекоа податоците, а досега 4.500 од нив пристигнаа во Велика Британија.

Протекувањето на податоците, вклучувајќи имиња, информации за контакт и семејни податоци, предизвика загриженост за можните последици по безбедноста на засегнатите лица.

Министерот за одбрана, Џон Хили, се извини за пропустот, објаснувајќи дека протекувањето е резултат на испраќање табела преку небезбедни системи за е-пошта.

Метрополитан полицијата во Лондон одлучи дека не е потребна истрага, но официјалните лица предупредуваат за можна инфилтрација на талибанците.

Според прелиминарните проценки, бројот на лица кои се изложени на ризик од талибанците може да биде помал од првичното стравување.

Програмата за преселување, позната како „Авганистанска рута за преселување“, досега чинеше 468 милиони евра, а вкупните трошоци би можеле да достигнат 936 милиони евра.

Забраната за известување на медиумите за инцидентот предизвика критики за загрозување на слободата на говорот.

Судија на Високиот суд одлучи да ја укине забраната, откривајќи детали за протекувањето на информациите и одговорот на владата.

Приведен возач од Гевгелија, управувал возило со 99 км на час на место каде е дозволено 40 км на час

Полициски службеници вчера кај село Брајковци, валандовско, го привеле Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија. 

Приведен возач од Гевгелија, управувал возило со 99 км на час на место каде е дозволено 40 км на час

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на час, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер