ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
2ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
3„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
МакедонијаКаја Калас утре во Македонија, ќе биде отворен првиот дијалог за безбедност и одбрана со ЕУПодготвени сме да градиме доверба со соседите, вклучително и со Бугарија, но нема да дозволиме ултиматуми– одговори премиерот Мицкоски прашан каков став ќе заземе на средбата со високата претставничка на Унијата Каја Калас .Подготвени сме да градиме доверба со соседите, вклучително и со Бугарија, но нема да дозволиме ултиматуми– одговори премиерот Мицкоски прашан каков став ќе заземе на средбата со високата претставничка на Унијата Каја Калас која утре доаѓа во Македонија. Изрази надеж дека ќе се изнајде некакво решение во спорот со Бугарија и дека Унијата ќе најде механизми за земјава да го добие заслуженото место. Упати и критика кон порашениот шеф на дипломатијата Бујар Османи за кого кажа дека земјава од предводник во евроинтегративните процеси, ја довел до ситуација да не може да почне преговори со Унијата. -Јас не сум човек што прифаќа ултиматуми. И никогаш нема да си дозволам да преговарам за нешто кое што знам дека претставува огромен проблем и фрустрација за македонските граѓани, за албанските, за турските, за сите оние граѓани во Македонија кои се составен дел од Уставот. За жал, тоа го правеше еден министер од минатото. Преговараше за мојот македонски идентитет, и направи грешка. И ако мисли дека тоа ќе го заборавиме се лаже.-Христијан Мицкоски – Претседател на владата. Калас во Македонија доаѓа од Белград, каде по средбите со српскиот државен врв истакна дека целта на нејзината посета на регионот е да се реафримира поддршката на Унијата за земјите од Западен Балкан. -Длабоко сум посветена на охрабрување на сите земји од западен Балкан да го искористат моментумот кој го имаме во проширувањето. Да, овој процес трае веќе долго, но секогаш има политички моментум и тој политички моменум е сега. Обединета Европа е една визија кон која мораме сите да работиме. - Каја Калас – Висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Посетата на Калас доаѓа една недела по таа на претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, а целта како што беше посочено е да се покаже посветеноста на Унијата кон регионот и поддршката на евроинтегративните перспективи на земјите. Во Скопје, според најавите, Калас ќе има набиена агенда. Покрај средбата и заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски закажана за напладне, со шефот на дипломатијата Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија, а во придружба на министерот за одбрана Мисајловски, ќе ја посети и постојаната Балканска медицинска работна група Тагови: Каја Калас Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаПоповиќ: За Гостивар има папка со факти - Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднашМинистерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар. Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи. До кога? Да не е обвинителот Савевски на екскурзија исто така? Еве 10 факти за обвинителот Савевски за постапува: 1.Загадувањето на водата во Гостивар започнало на 25 јуни. 2.Првите случаи со симптоми на труење биле регистрирани на 13 јули по што и по 200 нови случаи дневно. 3.Пет дена никој не реагирал и не презел ништо. Првите препораки биле објавени на 18 јули! 4.А три дена пред да се објави дека водата е загадена Центарот за јавно здравје Тетово издал извештај дека водата е безбедна за пиење. Значи 22 дена граѓаните на Гостивар се труеле со загадена вода со фекалии. Резултатот, 4.700 граѓани отруени. 5.На 23 јули, премиерот Мицкоски најавува „техничка вода“ за користење, а до крајот на таа недела и вода за пиење. Потоа Тошковски рече дека се врши хиперхлорирање на водата и стана експерт за анализа на вода. 6.Четири дена по најавата на Мицкоски, на 27 јули, Тошковски јавно ќе соопшти дека „Гостивар доби техничка вода“ која може да се користи за капење, но не и за пиење. 7.Никогаш не беше објавен документ, анализа на водата, кој одобрил, кој потпишал, дека водатата може да се користи како техничка. 8.На 3 август, значи после цела недела од изјавата на Тошковски, Стојанче Ангелов ќе објави дека во водата во Гостивар има бактерија. Па како им кажаа на луѓето дека може да ја користат водата техничка за капење и миење ако има бактерија? Тотален хаос и распад. 9.Вчера, на 7 август Клековски ќе соопшти дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење. Сега е полна со бактерии. Не една - туку многу различни. 10.Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. Еве ги фактите. Се му е спремно на Савевски, па кога ќе се врати од ексрузија еве го чека, нека постапува. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одборТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилнициСДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија. Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Македонија„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на МакедонијаНајновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор. Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси. Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот. Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали. „Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата. Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола. „И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување. Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат. Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага. Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина. Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16