СветКаја Калас: САД остануваат најголемиот сојузник на Европа и покрај новата стратегијаСАД остануваат „најголемиот сојузник на Европската Унија“, изјави денеска високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Таа ова го изјави во врска со новата Национална стратегија за безбедност на САД, која е силно националистичка и во која се предвидува „цивилизациско пропаѓање“ на Европа. - Се разбира, има многу критики, но мислам дека некои од нив се оправдани, рече Калас за време на конференцијата „Доха Форум“ во Катар. - САД остануваат нашиот најголем сојузник. Не секогаш имаме согласност за различни прашања, но мислам дека општиот принцип останува непроменет. Ние сме најголеми сојузници и треба да останеме обединети, додаде таа. Вчера, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави документ кој ја дефинира „Националната стратегија за безбедност“, во согласност со линијата на Трамп „Америка на прво место“. Документот остро ги критикува Европејците и ги поддржува тврдењата на крајно десничарските политичари дека Стариот континент се соочува со „цивилизациско бришење“ поради имиграцијата. Исто така, тој ја става под прашање и „бесплодната опсесија со регулаторно задушување“. Американската стратегија за безбедност, освен тоа, не предвидува проширување на НАТО, со што уште еднаш ги разбива надежите на Украина, која се бори со руската инвазија. Соединетите Американски Држави се обидуваат да посредуваат во завршувањето на речиси четири-годишната војна на Русија во Украина, цел за која националната безбедносна стратегија вели дека е во витален интерес на Америка. Но, документот јасно става до знаење дека САД сакаат да ги подобрат своите односи со Русија. Економската стагнација во Европа „е засенета од реалната и поостра перспектива за цивилизациско бришење“, се вели во стратешкиот документ. САД сугерираат дека Европа е ослабена од нејзините имиграциски политики, намалувањето на наталитетот, „цензурата на слободата на говорот и потиснувањето на политичката опозиција“ и „губењето на националните идентитети и самодовербата“. - Европа ја потценува својата сила. Во однос на Русија, на пример, треба да имаме повеќе доверба во себе, рече Калас. - Наметнувањето ограничувања и пречки пред Украина нема да доведе до траен мир, предупреди Калас. - Ако агресијата биде наградена, тоа ќе се случи повторно – не само во Украина или Газа, туку насекаде во светот, заклучи таа.Тагови: ЕУ Каја Калас САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter