Каја Калас: Нападот на Русија врз возот е обид да се заплаши Европа - Канал 5

Каја Калас: Нападот на Русија врз возот е обид да се заплаши Европа

Рускиот напад со дрон врз воз во близина на украинско-полската граница беше изведен со цел да се заплашат и поделат Европејците, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро на Европскиот самит за Арктикот во Финска. 

Каја Калас: Нападот на Русија врз возот е обид да се заплаши Европа

Во неделата, руски дрон погоди патнички воз на границата меѓу Украина и Полска – земја-членка на НАТО – кратко откако поминал дипломатски воз во кој се наоѓале поранешниот британски премиер Борис Џонсон и други европски дипломати. Полскиот железнички оператор „ПКП Интерсити“ (PKP Intercity) соопшти дека возот, во кој патувале 206 патници, се движел од Киев кон Варшава.

Рускиот напад врз украинскиот воз имаше за цел да ги „заплаши“ сојузниците на Украина за да ја прекинат поддршката за Киев, оцени во понеделникот шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

„Јасно е дека целта е да се заплашат западните земји за да ја прекинат поддршката за Украина и да се откажат од посетите за искажување поддршка“, изјави таа по пристигнувањето во Рованиеми, Финска, на самит за Арктикот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека Москва „намерно“ го нападнала возот. „Сосема е можно рускиот дрон да имал за цел да го погоди дипломатскиот воз, кој ја напуштил станицата порано од планираното откако распоредот на возовите бил променет во реално време поради постојаните закани од руски напади“, соопштија Украинските железници на Телеграм во неделата.

И Москва и Киев ги засилија нападите со оружје со голем дострел во последните недели со цел да го свртат текот на војната во своја полза. Претходно во неделата, погоден бил и камион на помалку од еден километар од украинската граница со Полска, поради што граничниот премин Дорохуск-Јагодин привремено престанал да работи, соопшти граничната служба.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја нападнало инфраструктурата што овозможува испорака на воена опрема од Европа кон западна Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер