3Цветаноски: БИНГО од 5,5 милиони евра за организираната криминална група – Мицкоски, граѓаните не се идиоти!
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕвропаКаја Калас и делегација министри од ЕУ пристигнаа во Киев на годишнината од трагедијата во БучаВисоката претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пристигна во Киев со делегација министри од ЕУ за да им оддаде почит на жртвите од руските напади во Буча.Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, истакна дека силното европско присуство испраќа порака дека правдата за „руските злосторства мора да биде остварена“. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пристигна во Киев со делегација министри од ЕУ за да им оддаде почит на жртвите од руските напади во Буча. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пристигна во Киев со делегација министри од ЕУ за да им оддаде почит на жртвите од руските напади во Буча. „Толку силно европско присуство на денешниот ден покажува дека правдата за ова и за другите руски злосторства е неизбежна. Целосната одговорност за руските злосторства е од витално значење за обнова на правдата во Европа. И денес ќе ги продолжиме нашите напори за изведување на одговорните пред лицето на правдата“, наведе украинскиот министер за надворешни работи. Welcome to Kyiv, dear European friends, @KajaKallas and fellow European ministers! Today, we commemorate the grim anniversary of the Bucha massacre. On that day, horrific pictures of slaughtered civilians shook the entire world to its core. Such a strong European presence on… pic.twitter.com/khlTcMXcTB — Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) March 31, 2026 Калас нагласи дека завршувањето на војната во Украина бара отстапки од Русија и координиран притисок од САД и Европа. „Убаво е да се биде денес во Киев со европските министри за надворешни работи. Секоја посета е силен потсетник на храброста и отпорноста на Украина. Европа е со вас. Ќе продолжиме да даваме воена, финансиска, енергетска и хуманитарна поддршка. И ќе сториме сè што можеме за да обезбедиме целосна одговорност за злосторствата на Русија“, наведе Калас на X. Трупите под команда на Кремљ ја окупираа Буча на 31 март, неколку седмици откако упаднаа во Украина, и останаа во тој град околу еден месец. Киев тврди дека руските сили го држеле градот 33 дена и дека за тоа време биле убиени 1.400 луѓе, вклучувајќи 37 деца.Тагови: Каја Калас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаХоџа: Почист воздух за граѓаните со новите гасни централи„Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа„Кога зборуваме за зелен пресврт, зборуваме за конкретни промени. Токму затоа се важни инвестициите во нови и поефикасни технологии, особено кога се работи за Скопје и борбата против загадувањето на воздухот“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешното свечено пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на компанијата „ТЕССА Енерџи“ во Скопје. На настанот, на кој се обратија и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата, беше презентирана првата фаза од инвестицискиот циклус, вредна 2,5 милиони евра. Постројката е опремена со две високоефикасни гасни машини кои истовремено произведуваат 2,1 MW електрична и 2,6 MW топлинска енергија, постигнувајќи вкупна енергетска искористеност до 90%. Министерот Хоџа нагласи дека инвестицијата на „ТЕССА Енерџи“ покажува колку е важна одговорноста на сите чинители во енергетиката и индустријата за постигнување позитивни промени во животната средина, како и потенцијалот на приватниот сектор за вложување во почисти технологии. Преку овој систем, отпадната топлина од производството на електрична енергија се пренесува во системот на „Енерџи Еколинк“ и се користи за загревање на водата за околу 500 домаќинства и 14 институции во општините Чаир и Бутел. Воедно, на настанот беше најавена и втората фаза од инвестицијата која предвидува изградба на нова когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW, со што дополнително ќе се зајакне системот за централно греење и домашното производство на електрична енергија. „Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа, честитајќи ја успешната реализација на проектот. Министерство за животна средина и просторно планирање Тагови: Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоведена постапка за злоупотреби при издавање возачки дозволиОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи.Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина. До овој момент, за четири лица е утврдено сомнение дека постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи. Тие пронаоѓале заинтересирани лица, и ги поврзувале со службеното лице, па ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање. Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем, а потоа лажните исправи ги употребувале како вистините, па и за нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство. За вработената во МВР, како и за две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи за да управуваат возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. За вкупно 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека 7 се недостапни на органите на прогонот до овој момент. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува настанот и потенцијална инволвираност на други лица како вработени во МВР, така и посредници и евентуални корисници на вака фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби при издавањето и користењето на возачки дозволи.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветаноски: БИНГО од 5,5 милиони евра за организираната криминална група – Мицкоски, граѓаните не се идиоти!Бинго од 5,5 милиони евра за Мицкоски и неговата организирана криминална група со прославата а за граѓаните празни џебовиЗа секој граѓанин, за секое едно македонско семејство и за Македонија, 5,5 милиони евра се огромни пари. За земјоделецот кој гледа како му пропаѓа родот затоа што нема откуп, тоа се пари за вистинска помош. За работникот кој чека подобар стандард, тоа се пари што можеле да значат повисока минимална плата. А за власта на Мицкоски - пет милиони евра народни пари се криминални договори кои скаа да ги сокријат и да ги прикажат како „нула денари“. Огромни народни пари. Парите се на граѓаните и граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина. Да ги видат документите. Да знаат кој ги добил парите, за што се потрошени и каде завршил секој денар. Мицкоски, граѓаните не се идиоти, не се талог. Должиш одговори: Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми? Како е избрана тричлената комисија во Државната лотарија која одлучувала за изборот на фирмата за прославата? Претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот. Биле ангажирани фирми-ќерки кои добиле милиони народни пари. Провизии. Проценти. Кога точно е букиран Дејвид Гета? Јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, на 12 мај, власта веќе го најавува настапот на Дејвид Гета. За три дена го договоривте? Или со Гета сè било претходно договорено, дил уште пред да заврши јавниот повик? Каде завршија парите од продадените билети? Каде документите за одлуките, зошто не ги објавите сите? Ова е огромна проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Велат не се пари на граѓаните? Па чиви се? Велат не се од буџетот туку од државни фирми. Не по шија по врат. Парите се на граѓаните! Доста лажете, ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Симона Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00