Кај пациент вбризган вирус специјално дизајниран да уништува канцерогени клетки - Канал 5

Кај пациент вбризган вирус специјално дизајниран да уништува канцерогени клетки

Терапијата со онколитичен вирус може да се користи и за подготовка на имунолошкиот систем на пациентите за борба против ракот.

Кај пациент вбризган вирус специјално дизајниран да уништува канцерогени клетки

Научниците на учесник во клиничкото испитување му инјектирале вирус дизајниран да ги убие клетките на ракот, пишува „Newsweek“.

Како дел од таквата терапија, позната и како терапија со онколитичен вирус, природниот вирус е генетски модифициран за да влезе во клетките на ракот, да се размножува и да ги убие. Што е најважно, вирусот е дизајниран да ги игнорира здравите клетки.

Според биотехнолошката компанија „Imugene“, компанија за имунотерапија, терапијата со онколитичен вирус може да се користи и за подготовка на имунолошкиот систем на пациентите за борба против ракот.

Вирусот што се користи во оваа нова студија се нарекува „CF33-hNIS“ или Ваксинија.

Првата фаза од студијата вклучува инјектирање на вирусот кај луѓе кои имаат напредни цврсти тумори и метастатски тумори и кои веќе примиле најмалку две различни терапии. Вирусот се инјектира или директно во туморот или во вена. Кога ќе се утврди дека оваа процедура е безбедна, на пациентите ќе им се инјектира и вирусот и хуманизираното моноклонално антитело пембролизумаб, антитело кое му дава дополнителна сила на имунолошкиот систем да се бори против клетките на ракот.

Истражувачите сакаат 100 пациенти со рак од САД и Австралија да учествуваат во клиничкото испитување. Истражувањето треба да трае приближно две години.

Имуген и клиниката за тумори „ City of Hope“ во американскиот град Лос Анџелес објавија дека терапијата на првиот пациент му била дадена на 17 мај.

„Нашето претходно истражување покажа дека онколитичните вируси можат да го стимулираат имунолошкиот систем да реагира и да го убие ракот и да реагира повеќе на други имунотерапии“, вели д-р Даненг Ли, водач на истражување и професор на клиниката „City of Hope“.

„Сега е време да се засили моќта на имунотерапијата. Веруваме дека „CF33-hNIS“ потенцијално може да ги подобри шансите за опоравување на нашите пациенти со рак“.

Вирусот „CF33-hNIS“ припаѓа на семејството „Poxviridae“ и се шири меѓу клетките на ракот. Кога ќе влезе во една, се множи. Клетките на ракот на крајот пукаат и солободуваат илјадници нови копии на вирусот. Тоа го стимулира имунолошкиот систем да реагира и да ги напаѓа клетките на ракот. Споменатата терапија досега е тестирана исклучиво на животни. Животните и лабораториските студии покажале дека вирусот може да ја намали големината на туморите во белите дробови, градите, јајниците, панкреасот и дебелото црево.

Според Институтот за истражување на ракот во Њујорк, Управата за храна и лекови на САД досега одобрила само една терапија за онколитични вируси. Тоа е вирусот „T-VEC“, модифициран херпес вирус кој се користи за лекување на меланом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Јапонската железничка компанија JR East почна да користи хуманоидни роботи опремени со моторни пили за отстранување гранки од дрвја по железничките пруги, со цел подобрување на безбедноста и сигурноста на железничкиот сообраќај.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Роботите беа користени во близина на станицата Нобејама во префектурата Нагано на линијата Коуми, каде што беше потребно да се отстранат гранките што растеа над шините и можеа да го попречат движењето на возовите, објавува јапонскиот портал SoraNews24.

Машините се монтирани на специјални возила што можат да се движат по железничките пруги, како и по патиштата. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата е опремена со моторна пила за нивно сечење.

JR East започна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март оваа година, додека JR West започна да користи слични системи во 2024 година.

Досега, работите за одржување на пругите главно се извршуваа ноќе, помеѓу последниот и првиот утрински воз, за ​​да се избегне прекин на патничкиот сообраќај.

Сепак, со зголемениот број вработени кои бараат работа во дневна смена, JR East ја разгледува можноста за почесто извршување на работата во текот на денот.

YouTube video

Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на некои делници за време на редовното работно време на железницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија.

Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.

Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток.

Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер