МакедонијаКај 6 од 7 деца со симптоми на труење, отркиен е норовирусотНоровирусот кој предизвикува стомачни тегоби, а е познат по својата издржливост бидејќи на цврста површина може да опстане и по неколку недели, е потврден кај шест од досега пристигнати седум примероци од дечиња од училиштето „Димо Хаџи Димов“.Норовирусот кој предизвикува стомачни тегоби, а е познат по својата издржливост бидејќи на цврста површина може да опстане и по неколку недели, е потврден кај шест од досега пристигнати седум примероци од дечиња од училиштето „Димо Хаџи Димов“, но има материјали што допрва ќе се анализираат па може ова да не е конечниот број на заразени, вели во изјава на Канал 5 Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска. Надлежните досега најдоа фекални бактерии во мусаката од кујната во училиштето, но и во три чешми. Сепак од Институт за јавно здравје потврдуваат дека водата е отфрлена како извор на зараза и е безбедна за пиење. Директорката Андоновска појаснува дека не се знае дали ќе се утврди и детектира конкретна една причина која довела до настанатата состојба, но сè досега укажува на нехигиената како општ причинител. -Во контакт сме со сите надлежни институции, и ќе треба да се види, но не знам дали ќе се успее да се детектира конкретно од каде е сето тоа во моментов. Сепак, имаме ситуациии кои водат, имаме присуство и на вирус во моментов, но сето тоа практично води до некава нехигиена и потреба во иднина да се подобри хигиената. И тоа не само во ова училиште, туку и во други воспитно образовни институции, градинки. Можеби треба да се размисли за регулативи и поголема контрола,- - Марија Андоновска – Директорка на ИЈЗ. Четири дечиња од училиштето остануваат во Детската клиника. Директорот Д-р Реџеп Мемеди вели дека иако се во стабилна состојба, неопходно е да се под медицинска опсервација бидејќи се уште чувствуваат симптоми на труење со храна и знаци на болест. -Од првиот ден вкупно 13 деца од истото училиште побарале медицинска помош на Клиниката за детски болести со иста клиничка слика и симптоматологија. Седум беа задржани на болнички третман, три од нив вчера се пуштени дома, а за четири продолжува хоспитализација поради знаци на болест, мораме да бидеме сигурни за општата состојба на децата, Д-р Реџеп Мемеди. Во меѓувреме, училиштето е целосно дезинфекцирано и нема прекин на редовната настава, уверува Директорката Лела Николоска, но кујната што се наоѓа во посебен објект во училишниот двор е под клуч со пломба од Агенцијата за храна и ветеринарство. Директорката потенцира дека со кујната не раководи училиштето, туку приватна фирма која е давател на услуги. -Нашата обврска е само да ги користиме услугите. Надлежност училиштето нема во однос на начинот на работењето на операторот кој што снабдува храна бидејќи тие се пособен правен субјект. Наше е да ја следиме хигиената во училиштето со посебен надзор и насоки, а она што се случува во кујните е надлежност на операторот. Ние ја користиме нивната услуга односно должноста да испорачаме топол оброк за учениците. Редовно, и по четири пати се прави дезинфекција, и сега училиштето е одново дезинфекцирано и нема прекин во редовната работа и настава,- Лела Николоска – Директорка на ООУ „Димо Хаџи Димов“. Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство влегоа и во кујните на уште 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во „Димо Хаџи Димов“. Оттаму за Канал 5 велат дека досега немаат резултати, а откако ќе ги добијат анализите од земените примероци ќе се одлучи дали за фирмата ќе има санкции. Тагови: ИЈЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 годинаСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите. По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските нападиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели. Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен. Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОККОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази. Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси. Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook