3Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаКадриу: Тројцата кандидати ги исполнуваа условите, но грешка е што претходно не побаравме мислење во СтразбурКомисија чија листа на кандидати за судија во Судот за човекови права во Стразбур беше поништена од страна на Владата, направила процедурална грешка, или народски кажано „грешка во чекори“, признава уставниот судија Кадриу.Комисија чија листа на кандидати за судија во Судот за човекови права во Стразбур беше поништена од страна на Владата, направила процедурална грешка, или народски кажано „грешка во чекори“, признава уставниот судија Осман Кадриу, член на претходната комисија. Тој во изјава за Канал 5 потврдува дека наместо листата прво да ја достават до Меѓународниот советодавен панел на експерти на Советот на Европа кои се надлежни да оценат дали кандидатите се квалификувани или не, одлучиле, прелиминарно, да ја испратат до Владата за да ја информираат, поради правни и политички причини. -Јас бев поборник, сепак, прелиминарно, претходно, нека се информира и Владата, со оглед дека Владата ќе има можност и во вториот круг од постапката, во втората фаза кога ќе се врати листата од Меѓународното тело на експерти, тогаш да се произнесе. Ние имавме дискусии, имавме дилеми околу тоа дали навистина, како што налагаат препораките, дирекно да се достави предлогот до Советот. Можеби е процедурална грешка од нашата комисија, зошто не ги доставивме директно, туку чисто, од правни и политички причини се определивме претходно да се произнесе и Владата, изјави Кадриу. Според него, спорни се причините на Владата за поништување на целата листа и да менување на комисијата, па од девет членови, да ја сведе на петмина нови. Тој тврди дека старата комисија се водела од два клучни критериуми – стручност и морал. -Имавме два клучни критериуми, и строго се придржувавме до нив, моралноста и стручноста. Е сега, Владата од каде доаѓа до заклучок, а не е надлежна Владата да утврдува дали ги исполнуваат условите или не. Пазете, Владата утврдува дека не ги исполнува условите и ја поништува целата листа, така да, доста е дискутабилно однесувањето, а и самата одлука, вели за Канал 5, уставниот судија Кадриу. Инаку, на поништената предлог листа на кандидати се наоѓаа имињата на обвинителката Ленче Ристоска, судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, кои повторно имаат право да конкурираат. Новата комисија што постапката ја почнува од почеток, од утре ќе ја дефинира динамиката на работа, а на 25 Август се очекува да распише нов оглас кој треба да е ист како претходниот. Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски, кој е член на новоформираната комисија вели дека иако се под притисокот на раковите, сепак постапката ќе биде целосно запазена и верува дека ќе заврши пред истекот на мандатот на актулениот судија од Македонија во Стразбур Јован Илиевски. Тагови: Уставниот суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter