Кадилак се враќа во Европа, Американците со порака до конкуренцијата (ФОТО) - Канал 5

Кадилак се враќа во Европа, Американците со порака до конкуренцијата (ФОТО)

Враќањето на General Motors во Европа беше најавено минатата година, а како дел од „електричната офанзива“ се очекуваше Cadillac да се појави прво во нордиските земји.

Кадилак се враќа во Европа, Американците со порака до конкуренцијата (ФОТО)

Сепак, тие ја избраа Швајцарија како нивен клучен пазар за повторно да започнат со европските операции. Понудата наскоро ќе биде проширена на Франција, Шведска и уште три пазари кои допрва треба да бидат откриени.

Првиот модел е Lyriq, пет метри долг, но елегантен електричен SUV со цена од 85.000 евра и автономија од 530 километри.

Продажбата се одвива директно преку Интернет или во главната продавница во Цирих, а испораките започнуваат во април или мај 2024 година.

Досега бројот на продадени модели на Lyriq не е задоволителен на домашниот пазар, па останува да се види како ќе помине во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер