Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
2Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
3Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити
РакометКадетките убедливи против Грузија за втора победа на СП во ракомет за средношколки Убедлив триумф со 45:13 забележа женската македонска ракометна репрезентација на денешниот дуел со Грузија во второто коло на Светското првенство во училишен ракомет.За Македонките ова е втора победа на турнирот, откако вчера беа убедливи на средбата со Белгија (34:12). Последниот натпревар од групната фаза нашите млади ракометарки ќе го играат утре (24 април 10:30 часот) со Словачка. Македонската селекција е лидер на табелата во Ц-групата со максимални четири бода. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
БалканИ Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничкаБугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, порача бугарската претседателка Илијана Јотова. Таа учествуваше на одбележувањето на 123-годишнината од илинденското востание, кое Бугарија го нарекува илинденско-преображенско. Јотова оцени дека историјата е заедничка и не треба да биде повод за поделби. -Колку многу омраза и поделби денес во Македонија се зборува за Бугарите. А, историјата ни е заедничка, што има да делиме. И денес, провокации, понижување. Тоа е наша работа, на политичарите, но тоа е работа и на сите граѓани да се спротивстават на таа омраза и поделбите. Ние вас нема да ве предадеме, нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права. – изјави Јотова. Тагови: Јотова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и ОхридМакедонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот. Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно 2.414.892 патници, наспроти 1.879.195 во истиот период минатата година, што се 535.697 патници повеќе. Додека во истиот период реализирани се 16.280 летови, што во споредба со 14.985 во 2025 година, претставува зголемување од 1.295 летови. Особено значајни се резултатите во текот на јули, кој донесе историски достигнувања и на двата македонски аеродроми. Меѓународниот аеродром Скопје го имаше својот рекорден месец во историјата, со 408.925 опслужени патници, што претставува раст од 29,5% во однос на истиот месец минатата година. Во текот на месецот реализирани се 2.670 летови, а на 20 јули е поставен рекорд од 101 реализиран лет во еден ден, додека на 31 јули, пак, преку скопскиот аеродром патувале повеќе од 16.000 патници. Бројот на опслужени патници на скопскиот аеродром од јануари до јули е 2.239.811, наспроти 1.738.378 во истиот период во 2025 година. Историски резултати бележи и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, така што јули 2026 година е најуспешниот месец во историјата со 52.544 патници, што претставува раст од дури 41,2%. Реализирани се 443 летови, а на 26 јули преку аеродромот поминале околу 3.000 патници во еден ден, што претставува нов дневен рекорд. Охрискиот аеродром бележи значителен раст на бројот на оатници, така во истиот периодоод јануари до јули годинава патувале 175.081, наспроти 140.817 патници во истиот период лани, а бројот на реализирани операции во истиот период пораснал од 1.049 на 1.350. Овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе туристи, повеќе гости во хотелите и рестораните, повеќе работа за туристичкиот сектор и поголем придонес кон економскиот развој на државата. Зголемениот број патници покажува дека Македонија станува сè попривлечна и подостапна дестинација, а растот на воздушниот сообраќај создава дополнителни можности за туризмот, угостителството, транспортот и целокупниот услужен сектор. И сето ова не е случајност, туку резултат на голем вложен труд и две години посветана работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лидија Петкоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штитиЗа Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница.Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна. Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДС и ДУИ. Да потсетиме, тоа се болници за кои немало надзор, за кои ниту општините, ниту надлежното министерство не издавале одобрение, односно биле поставувани целосно вон правилата од Законот за градење. Иако здравствената криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%. Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно. Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари? Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook