Кадетите на стартот од Европското првенство во Софија играат против Унгарија - Канал 5

Кадетите на стартот од Европското првенство во Софија играат против Унгарија

Машката кадетска кошаркарска селекција на Македонија (играчи до 16 години) од денеска ги почнуваат натпреварите на Европското првенство Б дивизија што ќе се игра во Софија, Бугарија.

Кадетите на стартот од Европското првенство во Софија играат против Унгарија
Прв противник попладнево ќе биде селекцијата на Унгарија, а почетокот на дуелот е во 17:15 часот.

Во второто коло од групата Македонија утре ќе игра против Израел, а во сабота противник ни е Шкотска. По слободниот ден во последните две кола ривали ни се Република Ирска и Англија.

Шампионатот се игра од 11 до 20 август, а трите првопласирани селекции ќе играат следната година во А дивизијата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата.

Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани.

Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем.

Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа.

Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици.

Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства.

Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето.

Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Четири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на  седница на Собранието.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер