Кадетен Шахфаузен го победи ПИК Сегед - Канал 5

Кадетен Шахфаузен го победи ПИК Сегед

Ракометарите на Кадетен Шафхаузен со триумфот над ПИК Сегед ги вратија шансите за пласман во ТОП 16 фазата од ракометната Лига на шампионите.

Кадетен Шахфаузен го победи ПИК Сегед
Тие синоќа во натпревар од 9. коло на домашен терен го победија унгарскиот тим ПИК Сегед со 32:29 и со шест бодови се изедначија со Данкерк и Алборг. Најефикасен на дуелот беше Мануел Линигер со 8 голови.

Двојки од 9.коло:

А група: Кил – Металург, ПСЖ – Мешков Брест, ППД Загреб – Ла Риоха.

Табела: Кил 14 бодови, ПСЖ 10, ППД Загреб 8, Ла Риоха 7, Мешков Брест 6, Металург 3.

Б група: Флензбург – Бешикташ 31:27, Алигсас – Висла, Барселона – Колдинг.

Табела: Барселона 13, Колдинг 12, Фленсбург 12, Висла 9, Алигсас 2, Бешикташ 2.

Ц група: Вардар – Монпеље, Чеховски Медведи – Рајн Некар Ловен, Веспрем – Цеље.

Табела: Веспрем 14, Вардар 11, Рајн Некар Ловен 10, Монпеље 8, Цеље 4, Чеховски Медведи 1.

Д група: Кадаетен Шафхаузен – ПИК Сегед 32:29, Алборг – Мотор, Киелце – Данкерк.

Табела: Киелце 16 бодови, ПИК Сегед 12, Данкерк 6, Алборг 6, Кадетен Шафхаузен 6, Мотор 4. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца израелски војници загинаа во напад- Израел почна воена операција на Западниот Брег

Израел започна антитерористичка операција во областа Хеброн на окупираниот Западен Брег, по нападот во кој загинаа двајца војници, соопштија израелската армија и разузнавачката служба Шин Бет.

Двајца израелски војници загинаа во напад- Израел почна воена операција на Западниот Брег

„Силите започнаа прецизни, целни и темелни пребарувања на целата област за да лоцираат и демонтираат терористичка инфраструктура и оружје, додека ги испрашуваат осомничените“, соопштија армијата и Шин Бет во заедничка изјава објавена на Телеграм доцна синоќа.

Операцијата, во која учествуваат армијата, разузнавачките служби, граничната полиција и цивилната администрација, е ограничена на подрачјето од кое дејствувале напаѓачите и се очекува да трае неколку дена, се вели во соопштението.

Според армијата, двајца израелски војници се убиени, а тројца други се ранети во пукотница во близина на Хеброн претходно во петокот. Двајца осомничени палестински напаѓачи од Хеброн се убиени.

Нетанјаху објави затворање на сите премини кон Западниот Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека безбедносните сили спречиле сериозен напад. Тој, исто така, објави планови за блокада на палестинската територија, што значи дека сите премини кон Западниот Брег ќе бидат затворени.

Парламентарни избори се одржуваат во Израел во вторник, а конфликтот со Палестинците е клучно прашање на кампањата. Десничарските политичари се обидуваат да привлечат гласачи ветувајќи остар одговор на палестинското насилство, додека најчесто избегнуваат да зборуваат за сè почестите напади од страна на радикалните израелски доселеници врз Палестинците на Западниот Брег, пренесува ДПА.

Војската соопшти дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста во областа, вклучително и уривање на нелегални објекти што би можеле да претставуваат закана за безбедноста на местото на нападот. Безбедносните сили, додадоа тие, спроведуваат и антитерористички операции на десетици локации низ Западниот Брег.

На жителите на погодената област ќе им биде дозволено да ја напуштат зоната преку три назначени излези, откако ќе бидат проверени, се вели во соопштението. Мерките вклучуваат и блокада на Хеброн и Халхул и воспоставување контролни пунктови на патот.

Повеќе од 1.100 Палестинци се убиени на Западниот Брег од октомври 2023 година

Израел го зазеде Западниот Брег, заедно со Источен Ерусалим, за време на Шестдневната војна во 1967 година и оттогаш го држи под окупација. Денес, меѓу три милиони Палестинци, таму живеат околу 700.000 израелски доселеници.

Ситуацијата на окупираниот Западен Брег дополнително се влоши по масакрот извршен од Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година и последователната војна во Газа. Според податоците на палестинското Министерство за здравство, повеќе од 1100 Палестинци се убиени на Западниот Брег од тогаш, за време на израелските воени операции, вооружени конфликти и напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинезите ја претставија новата Омода-има термовизија, караоке и три вида погон (ВИДЕО)

Omoda, кинески бренд кој привлекува сè повеќе хрватски клиенти, претстави нов теренец долг речиси пет метри. 

Кинезите ја претставија новата Омода-има термовизија, караоке и три вида погон (ВИДЕО)

Model X ќе понуди хибриден, plug-in хибриден и целосно електричен погон, а меѓу најавената опрема се издвојува систем за термичко снимање со домет до 90 метри.

Omoda X е нов и значително поголем модел, претставен на 20 октомври во Вуху, Кина, на настанот Chery International User Summit. Според порталот Motor1, не се објавени ниту цената ниту датумот на можно пристигнување на европскиот пазар.

Скоро пет метри и нагласени теренски способности

Omoda X е долг 4954 милиметри, широк 1920 милиметри и висок 1702 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2700 милиметри. Дизајнот е базиран на насоката прикажана на помалиот модел Omoda 4, со остри рабови и изразени геометриски форми на каросеријата.

Производителот најавува и убедливи теренски способности. Растојанието од земјата е 200 милиметри, а според објавените спецификации, возилото треба да може да преминува водни пречки подлабоко од 700 милиметри.

Максималната дозволена тежина на приколката е 1.800 килограми, додека дозволеното оптоварување на покривот е 75 килограми.

Термичко снимање, караоке и 39 прегради

Кабината има дигитална инструмент табла од 10,25 инчи и централен екран од 13,2 инчи. Производителот наведува и вкупно 39 прегради за складирање.

Меѓу поинтересните елементи на опремата е интегрираниот систем за термичко снимање, за кој Omoda тврди дека има опсег до 90 метри. Понатамошни детали за неговите функции сè уште не се објавени.

Гребен на покривот навестува напредни можности за автономно возење, а Omoda најавува повеќе од 20 функции за помош на возачот. Режимот Open Mic караоке е одговорен за забавата, во кој виртуелните чудовишта на екранот реагираат на тоа колку добро или лошо пеете.

Три вида погони

Понудата ќе вклучува целосно хибридни, plug-in хибридни и целосно електрични верзии. Plug-in хибридните и електричните верзии треба да бидат достапни со погон на две или четири тркала.

Податоците за моќноста, капацитетот на батеријата, досегот и потрошувачката сè уште не се познати. За да процениме колку Omoda X би можел да биде интересен за хрватските клиенти, ќе мора да почекаме информации за европската понуда и цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

На социјалните мрежи се појави објава со фотографии од двајца рибокрадци во Дојранското Езеро. 

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

Во објавата се вели и дека езерото нема концесионер. Во коментарите на ФБ се бара итна реакција на надлежникте и казни за рибокрадците.

Секако, побарано е Министерстото за екологија и Општината да се грижат повеќе за езерото и што е можно побргу преку транспарентна постапка да биде избран концесионе, кој одговорно ќе стопанисува со Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер