Каде точно ќе се изгради спомен-обележјето за настраданите од кочанската трагедија? - Канал 5

Каде точно ќе се изгради спомен-обележјето за настраданите од кочанската трагедија?

Наместо обединување, повторно поделби, како оваа трагедија да не беше доволна за да ја научиме лекцијата за човечност и солиданост, вели Кире Димитриев, чиј син Диме, загина во пожарот во кочанската дискотека Пулс. 

Каде точно ќе се изгради спомен-обележјето за настраданите од кочанската трагедија?

Во пресрет на првата годишнина од трагедијата, здружението на граѓани 16ти март интензивно се подготвува да изгради спомен обележје за жртвите, но наидуваат на несогласувања од дел од сограѓаните.. Тие предлагаат да биде во центарот на Градот, во близина на паркот за да биде лесно достапен..

Градоначалникот Владко Грозданов вели дека е помината јавната анкета во однос на барањето на родителите на починатите и здружението 16 март, а општинскиот совет на следната седница треба да ја донесе одлуката за доделување место за градба на споменикот, иако во буџетот на општината не се предвидени средства за изградба на споменикот.. Како што вели градоначалникот има несогласувања околу локацијата кои се усно искажани, но ништо до општината не стигнало на писмено.

Инаку, откако во јавноста се појавија информации дека на неодамнешната лидерска средба немало слух за исплаќање отштета на семејствата на загинатите, поради тоа што пожарот се случил во приватен објект, од здружението на граѓани 16ти март излегоа со став дека државата нема право на различен третман на жртвите..

-Во конкретниот случај постои и инволвираност на носители на јавни функции, кои постапувале или не постапувале од позиција на јавни овластувања, претставувајќи ја државата и државните институции. Таквото постапување или непостапување, кое довело до штетната последица, ја засилува обврската на државата за институционална одговорност и за донесување одлука по барањето доставено од Здружението. – стои во реакцијата од - Здружение граѓани 16 март.

Меморијален споменик за жртвите, освен во центарот на Кочани ќе се гради и на Пониква, за што веќе е завршен проектот и е добиено решение за изградба...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации.

Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

Во врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии.

Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години.

Потребни сер 6.000 евра.

Сите кои се во можност можат да донираат на:

143 482 за корисници на А1.

143 109 за корисници на Телеком.

Халк Банка: 270 700 122 675 849

Примач: Марко Џолевски

НЛБ Банка: 210 501 786 673 895

Примач: Марко Џолевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер