Каде исчезна оваа убавица? - Канал 5

Каде исчезна оваа убавица?

Беше една од најубавите девојки во култната серија „BAYWATCH“ заедно со Памела Андерсон, но за разлика од Памела која е активна на холивудската сцена, Јасмин Блит се повлече. Зошто?

Каде исчезна оваа убавица?
Јасмин беше една од ѕвездите во серијата до 1997 година кога беше отпуштена. Проблемот беше зависноста од кокаин.

Во 2000 година, Јасмин призна дека има проблем - и отиде на клиника да се лекува. Таму се запозна со својот сопруг - сопственик на стриптиз клуб, Пол Черито.




Во септември 2002 Јасмин и Пол имаа сообраќајка на автопат. Немаше повредени, но во автомобилот е пронајден кокаин, а истата дрога подоцна е пронајдена и во нивната хотелска соба. Јасмин беше осудена на условна казна од 2 години затвор.




Во април 2003 таа напиша статија во која го објасни тешкиот пат на откажување од зависноста од кокаин. Денеска повлечено живее со сопругот во Аризона.

Smiling: Yasmine has been with her husband Paul since they met in rehab in 1997












Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со положување свежо цвеќе и оддавање почит, го одбележавме овој значаен датум од македонската историја.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Со гордост и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и делата на сите оние кои се бореле за слободата, самостојноста и иднината на македонскиот народ.

Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Нека ни е вечна Македонија!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM.

Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“.

Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер.

Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат.

„Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук.

Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер