Кацарска: Со вчерашното вето е нарушен кредибилитетот на ЕУ

Дел од аналитичарите велат дека иако е тешко, не е невозможно поместување во бугарските позиции до октомври, но со вчерашното вето нарушен е кредибилитетот на Унијата...

На оваа тема со Симонида Кацарска од Институтот за европски политики разговараше Дејан Трајкоски.

Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово

Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово, објавија денеска надлежните. - Поставени се четири нови детски катчиња кај локалитет „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во Черкези, објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Граѓаните во неколку наврати бараа да се постават детски катчиња во населбите и во поширокото централно градско подрачје. Претходно беше предвидена изградба на нови шест детски катчиња. Сепак, по проценка на финансиските планови општината одлучи да изгради четири. Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот беше избрана кумановската компанија „Арс Дизајн дооел“.

Во Куманово има неколку детски катчиња, но урбаната опрема, речиси секаде е уништена, особено на градскиот кеј и кај Соколана каде пак во тек е изградба на паркот. Надлежните велат дека размислуваат за различни можности за зачувување на опремата која постојано е мета на вандали.

Пронајдено телото на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Пронајдено телото на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово, четврто досега.

Обвинителството на Косово потврди денеска дека го пронашло мртвото тело на уште еден од осомничение напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во северно Косово, се искачи на четири, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мртвото тело на напаѓачот е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од десетици вооружени лица ја нападна косовската полиција.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој рече дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.

- Се обидуваме да го легитимираме бидејќи во моментот немаше никакви документи за идентификација со себе, рече Абази.

Грозоморно убиство во Кочани, со 40 убоди со нож усмртил 46 годишна жена пред нејзината куќа

Четириесет и шестгодишна жена е почината од убоди со нож пред куќата во која живеела во Кочани.

Убиството се случило утринава кога жената, инаку мајка на три деца, тргнала на работа. 59 годишниот маж, осомничен за убиството, со нож и нанел 40 убодини рани, починала веднаш. Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно.

Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода, .информираат од обвинителството.

Според досегашните проверки коишто се направени во Обвинителството и МВР, таа го пријавила напаѓачот со кој била во љубовна врска врска, во мај, за уцена, односно дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа ако не му даде пари.

Невладините и шелтер центрите за жени - жртви на семејно насилство уште поодамна реагираа дека институциите потфрлаат во полето на заштита на жртвите со што со секоја година расте бројот на случаи познати како фемицид. И од Хелсиншкиот комитет за човекови права сметаат дека жртвата од Кочани не ја добила потребната заштита од институциите и се сомневаат дали сите мерки биле преземени.

-Не станува збор за немил случај туку за убиство, фемицид, кој и како таков треба да биде квалификуван и во јавноста претставуван. Очигледно е дека соодветна заштита не добила жртвата и дека и системот потфрлил особено зашто зашто видовме дека било пријавувано повеќе пати од страна на жртвата. Каков статус имал напаѓачот воопшто не е значајно зашто станува збор за родово базирано насилство.- изјави – Тона Карева – Хелсиншки комитет за човекови права.

За неполни 24 часа ова е второ убиство. Синоќа гевгеличани беа потресени кога банална расправија помеѓу браќа завршила со двојно убиство. 71 годишен маж и неговата 62 годишна сопруга се застрелани од братот со кој живееле во иста куќа. 69 годишниот гевгеличанец ги застрелал братот и снаата со пиштол пред влезот на куќата. Од јавното обвинителство велат дека во текот на денот ќе следи постапка за убиецот кој синоќа го приведе гевгелиската полиција.

притисни ентер