СветКац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз ИзраелИзраелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска се закани дека „Техеран ќе гори“ ако Иран продолжи со ракетните напади врз Израел.Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска се закани дека „Техеран ќе гори“ ако Иран продолжи со ракетните напади врз Израел, откако најмалку три лица беа убиени, а десетици ранети во иранските напади, кој следуваше по претходните изралески воздушни удари врз иранските нуклеарни постројки. По состанокот со началникот на Генералштабот на армијата, Кац изјави дека Иран ќе плати висока цена за тоа што им наштети на израелските граѓани. - Ако врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, продолжи да истрелува ракети кон Израел, Техеран ќе гори, рече Кац. И Израел и Иран соопштија дека нивните напади ќе продолжат, зголемувајќи ја можноста за уште еден продолжен конфликт на Блискиот Исток. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата цел е да елиминира каква било иранска закана за Израел, а во исто време ги повика Иранците да се кренат против своите лидери. Израелските напади, исто така, ги доведоа во прашање понатамошните разговори меѓу САД и Иран за нуклеарниот договор. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ги нарече разговори со САД „бесмислени“, но директно не потврди дека ќе биде откажана утрешната рунда во Оман.Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата размислува за нов Клинички на Илиденска, спроти Воена болницаПремиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинари кажа дека владата прави планови за изградба на нов Клинички центар во Скопје, на нова локација.Станува збор за парцелата на Илиденска кај салата Борис Трајковски на која порано превдидено беше да се гради трговски центар. Таму е Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Сите влади досега го најавуваа овој капитален проект, кога би станал реалност? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаконите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедура Предлог законите за судска и јавнообвинителска служба како дел од реформската агенда поминаа на првото читање во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Според предложените измени, судските и јавнообвинителски службеници би добиле статус на посебни административни службеници со цел да се надминат сегашните проблеми со оценувањето и унапредувањето на овие административци. Дополнително, се воведува и одредба која го уредува и евентуалното зголемување на платите. Сепак, првото читање помина во атмосфера на политичко препукување, бидејќи според претставниците од Власта, опозицијата е против реформските закони, додека пак опозициските пратеници се на ставот дека законите не се доволно квалитетни и ќе бидат вратени на доработка. Првиот човек на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани – Трпе Деаноски, најавува предлози и амандмани на овие два предлог закона, бидејќи како што појаснува, и со нив, принципот на исплата на платите останува ист. Во предлог законите во кои ние учествувавме во работната група, платите беа направени на друг начин – просечна плата по коефициент како што тоа го добиваат судиите и јавните обвинители, за жал сега не е така, повторно е стариот систем а тоа е минимална плата плус бодови. Од пресметката што ја направивме досега, платата не е зголемена. Она што го баравме, додатоците на плата да бидат анблок односно да ги добиваат овие вработени секој месец, истото повторно е условено со одлуки на Судски буџетски совет и одлуки на обвинителот, односно пак да се побара согласност од обвинителство, судски буџетски совет и министерство за финансии. - Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Член 72 – Додатоци на плата По донесена одлука на Судскиот буџетски совет за обезбедени финансиски средства, претседателот на судот, најдоцна до средина на месецот може да донесе решение за исплата на додаток, односно додатоци од ставот (1) од овојчлен на судски службеник од судот за претходниот месец. Решението треба да содржи образложeние на исполнетоста на условите за утврдување на правото на додаток. Како што потенцира предлагачот односно Владата, овие предлог закони се подготвени согласно стратешките приоритети кои ги налага Реформската агенда во делот Владеење на правото во рамки на Фундаменталните вредности. Преку овој чекор кој требаше да биде завршен до јуни минатата година со грејс период до јуни годинава, ЕУ налага да се регулираат платите на судиите, обвинителите, како и на судската и обвинителската служба. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за правда: Изборните реформи влегуваат во завршна фазаСледната седница е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик. На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што членовите на Работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес. Министерството за правда ја истакнува посветеноста и активното учество на сите членови на Работната група и оценува дека процесот се одвива во духот на дијалог, професионалност и заедничка одговорност за унапредување на демократските стандарди во државата. Реформите во изборното законодавство претставуваат важен чекор кон јакнење на институционалната доверба и обезбедување фер, слободни и демократски избори во согласност со европските стандарди и меѓународните препораки. Следната седница е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook