Софија објави доверлива нота за патување на семејството на Мицкоски во Бугарија, премиерот го известил НАТО
2Софија објави доверлива нота за патување на семејството на Мицкоски во Бугарија, премиерот го известил НАТО
3Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%
КултураКабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТАКабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар.На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, на 16 октомври како претставник на Улисис од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот Улисис и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ, соопшти Драмски театар Скопје. Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме. „Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите. Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз. Кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ доаѓа на фестивалот РУТА како претставник на театарот Улисис на местото на веќе најавената претстава „Опера за три гроша“ со која од технички причини не се во состојба да допатуваат во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРебаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евраВладата го усвои ребаласнот на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска пред малку на прес конференција кажа дека со него буџетскиот дефицит ќе се зголеми на 750 милиони евра, или за околу 120 повеќе во однос на првично превдиденото. Уверува дека приходната страна останува стабилна, а дефицитот се зголемува за да се обезбедат повеќе пари за капиталните инвестиции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСофија објави доверлива нота за патување на семејството на Мицкоски во Бугарија, премиерот го известил НАТОСпоред него со објавувањето на оваа дипломатска нота од бугарските власти се загрозува безбедноста на неговото семејство.Како дипломатски преседан ги оцени премиерот Христијан Мицкоски дипломатските службени белешки од Бугарија кои неодамна беа јавно објавени на бугарски ФБ профили и портали поврзана со посетата на неговата сопруга и малолетен син во Пампорово во јануари. Според него со објавувањето на оваа дипломатска нота од бугарските власти се загрозува безбедноста на неговото семејство, а за случајот кажа дека ги информирал и партнерите од НАТО. Мицкоски овој пример го посочи како одговор на прашање дали очекува напредок во разговорите со Бугарија, оценувајќи дека последните сигнали од Софија не даваат причина за оптимизам, туку напротив, вели, состојбата дополнително се радикализира, а потезите од бугарските власти ги оцени како аматерски и неразумни. -Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква. Замислете ние сега да ги вадиме сите дипломатски ноти коишто ги испраќаат од нашиот источен сосед и практично во тие дипломатски ноти пишуваат работи коишто можеби исто така би биле интересни за јавноста. Така што вчера видов еден преседан. За ова ги информирав и партнерите од НАТО затоа што со ова вадење на дипломатска нота се загрозува безбедноста на моето семејство, изјави Мицкоски. На ФБ профили од Бугарија минатата недела се објавени два службени документи, еден за патување на семејството на Мицкоски во Банско лани во јануари, и вториот за патувањето во Пампорово кое Мицкоски го посочи од јануари оваа година. Со имиња и презимиња се објавени личните податоци на сопругата и синовите на Мицкоски, возачите на автомобилите со кои оделе во Бугарија, полицајците и обезбедувањето кои ги придружувале и нивното оружје. Делумно се замаглени броевите на нивните пасоши и типот на крвната група, а целосно се гледаат броевите на регистарските таблици и марките на возилата. Во објавите на бугарските профили на социјланите мрежи, докумените се пропратени со прапагандни текстови во кои прмеиерот Мицкоски се портретира како политичар што користи говор додека неговите блиски одат на одмор во Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%Годишната стапка на раст на цените на основните прехрамбени производи во јули да биде под 3%, било договорено на вчерашниот состанок на Владата со претставници од најголемите ланци на маркети. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека следно на маса ќе седне со производителите, дистрибутерите и добавувачите со цел заеднички да се постигне оваа цел. Тој информираше и дека ДПИ е задолжен да подготви споредбена анализа на цените на прехрамбените производи од мај 2025 и мај 2026 година, за да се утврди што точно доведува до зголемувањето на цените. - Во мај месец беше 4,5 или 4,7 проценти, ако тоа се спореди со соседството, Грција е над 5 проценти, Бугарија е над 6 проценти, Романија е над 8 процени, истото е и со Косово, Хрватска итн. Нешто помалку помеѓу 3 и 4 е Србија и Албанија. Нашата цел е во јули да почнеме со под 3 проценти годишна промена на цените на основните прехранбени производи и оваа задача си ја поставивме и ние како влада, но и сопствениците би рекол претставниците на најголемите на маркети во Македонија. - Христијан Мицкоски – претседател на Влада Дел од претсавниците на маркетите ја поздравуваат најавата на премиерот да се сретне и со увозниците и добавувачите, посочувајки дека крајната цена најмногу зависи од увозната и влезната вредност на производите, додека маркетите се последната алка во синџирот. -Маркетите како прекупци и последна алка во синџирот, не ја диктираат увозната цена на производите. Она што можеме ние да го направиме е секоја нова драстично повисока влезна цена од добавувачите, веднаш да ја пријавиме до ДПИ и на таков начин да помогнеме да се лоцира што доведува до покачување на цените. – велат дел од претставниците на големите ланци на маркети. Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во мај 2026 година изнесува 4,5% на годишно ниво, наспроти 3,3% во истиот месец лани. Забележан е и раст на цените кај храната и безалкохолните пијалаци, кои во мај 2026 година се повисоки од лани за 5,4%, додека во мај 2025 годишниот раст споредбено со 2024 изнесувал 4,9%. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12