Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности
СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
1Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности
2СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
СветЈужнокорејскиот претседател се извини за упадите на дронови на севернокорејска територија „Изразуваме жалење до Северна Кореја за фактот дека непотребни воени тензии се предизвикани од неодговорни и непромислени постапки на некои поединци“, рече претседателот Ли Џе Мјунг на состанокот на кабинетот.Претседателот на Јужна Кореја утрово изрази жалење за упадите со беспилотни летала на севернокорејска територија претходно оваа година, опишувајќи го како чин на неодговорни поединци и нагласувајќи ја посветеноста на Сеул за спречување на идни инциденти. „Изразуваме жалење до Северна Кореја за фактот дека непотребни воени тензии се предизвикани од неодговорни и непромислени постапки на некои поединци“, рече претседателот Ли Џе Мјунг на состанокот на кабинетот. Ли рече дека истрагата на јужнокорејските власти открила дека вработен во Националната разузнавачка служба и активен воен службеник биле вклучени во случајот, додавајќи дека уставот забранува индивидуални провокации против Северна Кореја. Пјонгјанг во јануари објави дека беспилотни летала испратени од Јужна Кореја го нарушиле нејзиниот воздушен простор, обвинувајќи го Сеул за сериозна провокација. Јужна Кореја негираше каква било воена вмешаност и започна заедничка воено-полициска истрага, чиј епилог е обвинение против Јужнокорејците за кршење на законите за воздухопловство и национална безбедност, поради неовластената употреба и летови на беспилотни летала. Северна Кореја собори беспилотни летала што прелетаа на нејзина територија, а поради зголемените тензии во последните месеци, ја прогласи Јужна Кореја за „најнепријателска“ земја.Тагови: Јужна Кореја Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПревентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависностиСо учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“.На 13.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, за учениците ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес, реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при што, на учениците им ги појаснија и потенцираа начините и методите за навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. На подрачје на Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино спроведоа превентивна активност за заштита од кражби, при што преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“, со укажување на возачите за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Сообраќајни превентивни активности денеска беа реализирани и на подрачје на Велес и Чашка, со акцент на опасноста од управување на возила под дејство на алкохол. При тоа беше нагласена потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. На 12/13.11.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Бит Пазар, реализираше две едукативни работилници и една трибина. Во ООУ „Хасан Приштина“ и ООУ „7ми Март“ – на подрачје на ПСОН Бит Пазар, со учесници од Клубот за превенција кои ги сочинуваат ученици од шесто до деветто одделение реализирани се две едукативни работилници на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство – Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“. Исто така со учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“. На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чувствува безвредно и небезбедно. На 13.11.2026 на градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од Полициска станица Штип, како и полициски службеници од Полициска станица Пробиштип одржаа неформални средби со повозрасни граѓани, предвидена со планот за проектни активности во областа на превенцијата за превенција од телефонски измами за сообраќајни незгоди. Целта на одржаните средби беше запознавање на пензионерите со безбедносните настани и случувања како постари лица се потенцијална мета на криминалците – измамници, како и давање упатства за постапување во случаи на наидување на такви настани и други кривични дела, забележувања на настани од безбедносен карактер и навремено информирање. На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Свети Николе реализираа едукативно предавање во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе на учениците од прва година на тема „Сообраќајните правила и прописи и одговорност на учениците“, со цел да бидат запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот. На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово во централно градско подрачје реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило“ и „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“, во непосредна комуникација со граѓаните пред се со возачите. На возачите им беа поделени летоци со корисни совети. Целта е подигнување на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај. На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица Берово во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово реализираа превентивно-едукативна активност наменета за учениците, со цел подигнување на свеста за штетните последици од различните видови зависности. Во рамките на активноста се опфатени теми поврзани со зависноста од алкохол, тутун, наркотични средства, коцкање, како и прекумерна употреба на интернет и мобилни телефони. Посебен акцент беше ставен на влијанието на зависностите врз здравјето, психофизичкиот развој, образованието и социјалниот живот на младите. Вчера 13.11.2026 во централно градско подрачје во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од измами“. Граѓаните беа советувани за само заштита, од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби, измами и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очиМнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Во фокусот секако им се криминалните тендери. Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи. Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити. Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании. Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани. Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот. Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО. Криминална власт, криминални закони! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштваАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни. Агенција за храна и ветеринарствоТагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter