Јужнокорејскиот поет Ун го прими Златниот венец на 53. Струшки вечери - Канал 5

Јужнокорејскиот поет Ун го прими Златниот венец на 53. Струшки вечери

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“, што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата со врачување на Златниот венец на годинашниот лауреат јужнокореецот Ко Ун и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва завршува 53. издание на Струшките вечери на поезијата.

Јужнокорејскиот поет Ун го прими Златниот венец на 53. Струшки вечери
Годинашниот лауреат, јужнокорејскиот поет Ун е 49-от добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец. Наградата му ја враќи претседателот на Управниот одбор на СВП Славе Ѓорго Димоски.

Лауреатот Ун изрази задоволство за добиената награда на фестивалот на кој досега учествувале околу 5.000 поети од целиот свет во изминатиот половина век.

Пред неколку дена на средбата, македонскиот претседател Ѓорге Иванов му кажал дека јагулата од реката Црн Дрим, заедно со чистата струшка вода патува во Јадранското Море, па во Атланскиот океан и стигнува до мексиканскиот залив. -Неговиот збор ме просветли дека реката Црн Дрим всушност е почетна точка на поезијата, бидејќи ја носи својата судбина која тече и се шири од тука па низ Медитеранот, по Индискиот Океан, Црвеното Море, Арапското Море се до Тихиот Океан и дека Струшките поетски вечери ја носат важната мисија да го рашири својот поетски дух низ сите континенти. Научив и дека патот на ветрот, кој патува од небото на Охридското Езеро стигнува дури до небото над источна Азија. Тоа е патот на поезијата, рече Ун по примањето на „Златниот венец“.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата за 2014 година и беше врачена на Вера Чејкоска за книгата „Моите веди“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ја зема британскиот поет Хари Ман за дебитантската книга „Лифт“.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг настапија и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве по 53. пат беше претстолнина на поезијата. Педесет и третиот поетски фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционално читање на Константиновата „Т’га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга. По поетското читање „Мостови“, следните два дена учесниците ќе го посетат Скопје и други градови низ Македонија. На 53. издание на Струшките вечери на поезијата, покрај од Македонија учествуваат и 50-тина поети од 34 земји.
Наградата „Златен венец“, првпат му е доделен во 1966 на рускиот поет Роберт Рождественски за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, Златниот венец се доделува за творештво.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер