Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
2Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
3Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
ЖивотЈужнокорејски научници тврдат дека откриле суперпроводникНаучните списанија последниве денови се преполни со наводите за научниците кои успеале да пронајдат суперпроводник - материјал со својство на спроводливост на собна температура и нормален притисок, што се смета за „свет грал“ во науката.Засега два научни труда се објавени за овој нaод во базата на податоци на arXiv .org , но тие сè уште не се рецензирани. Во нив, тим јужнокорејски научници тврдат дека откриле оти електричниот отпор на материјалот наречен „ЛК-99“ одеднаш исчезнува на собна температура. Ако ова откритие се потврди научно, опишаниот материјал би можел да направи огромна разлика во многу технологии што користат електрична енергија, вклучувајќи пренос на струја без загуба, магнети за медицинска дијагностика - МРИ, магнети за реактори за фузија, за забрзување честички какви што се користат во ЦЕРН, магнетни лебдечки „маглев“ возови, квантни компјутери итн. Во научните трудови, истражувачите толкуваат дека „ЛК-99“ е направен со реакција меѓу ланаркит (Pb2SO5) и бакар-фосфид (Cu3P), а материјалот станал суперспроводлив на температура од 127 Целзиусови степени. На крајот, тие ги прикажуваат експериментите што ги направиле со LK-99. Што е суперспроводливост? Постоењето на суперпроводници, инаку, не е новост. Постојат стотици материјали со својство на суперспроводливост. Некои се состојат од елементи и метални легури суперспроводливи при собен притисок до -250 степена, а другиот се оксидни материјали, суперспроводливи при собен притисок и малку повисоки температури - околу 140 степени. Исто така, постојат голем број други елементи и соединенија за кои суперспроводливоста е постигната со различни нивоа на притисок. Суперспроводливоста е својство на некои материјали да спроведуваат електрична струја без губење на енергијата, односно без отпор, главно при многу ниски температури. Ja открил Хајке Камерлинг Онес во 1911., кој за своите наоди ја добил Нобеловата награда во 1913 година. Столетието потоа следеа бројни експерименти на тоа поле. Според некои научници, треба да се истакнат и можните слабости. Пред сè, не постојат познати физички закони што би го спречиле постоењето на суперспроводливост на собна температура. Проблемот со пронаоѓање на такви суперпроводници се сведува на технолошко истражување бидејќи сè уште не постои целосен физички модел за толкување на суперспроводливоста, освен т.н. „БЦС“ модел за суперпроводници со критични температури до 25 степени над апсолутната нула. Треба да се истакне и дека од објавувањето на трудовите на 22 јули, направени се неколку обиди за повторување на експериментот и дека само дел од нив дале некакви резултати - како делумна левитација, но не сите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЛокални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон ЉубљанаДенес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот. Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело. Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати. Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник. Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември. На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени. Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во МакедонијаФилипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен? Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото. Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГДодека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски. Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“. Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции. Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт. Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра. Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија. Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот. Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност! Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Тагови: Маја Серафимовска -Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter