Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“ - Канал 5

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме“, рече Чо.

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул.

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап.

Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон.

Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“.

Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември.

Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата”

Првопријавената А.Н., во својство на Директор на Секторот за финансии и сметководство на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија заедно со второпријавената Д.Д, вработена на работно место Шеф на финансиски работи.

Финансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата”

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

Првопријавената А.Н., во својство на Директор на Секторот за финансии и сметководство на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија, заедно со второпријавената Д.Д, вработена на работно место Шеф на финансиски работи, целокупниот дневен промет за 2024 година во вкупен износ од 46.038.720 денари кој им бил доверен од сопствените продажни места на АД Државна лотарија не го уплатиле и депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки и од банкарските сметки на АД Државна лотарија подигнале парични средства во вкупен износ од 33.950.724 денари кои противправно ги присвоиле за себе.

Со цел да ги прикријат трагите од извршеното кривично дело и недостигот на проневерените парични средства, вршеле префрлање на парични средства помеѓу банкарските сметки на друштвото, креирале налози за трансакции и реализирале уплати и исплати со кои лажно прикажувале дека биле извршени финансиски трансакции во значителни износи. Истовремено, изготвувале и употребувале невистинита финансиска и сметководствена документација, преку евидентирање фиктивни касовни исплати од благајната на друштвото, при што противправно присвоените парични средства биле раскнижувани на различни сметководствени конта врз основа на фиктивна документација, со што лажно се прикажувала нивната намена и се прикривал недостигот на средствата во деловните книги на друштвото.

Со горенаведените дејствија, првопријавената А.Н заедно со второпријавената Д.Д. прибавиле противправна имотна корист, а на АД Државна лотарија на Република Северна Македонија му предизвикале имотна штета во износ од 79.989.444 денари.

Во рамки на постапката, во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а врз основа на наредби од надлежен суд, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на вкупно пет локации, од кои четири на подрачјето на Скопје и една на подрачјето на Валандово.

При извршените претреси се пронајдени и одземени поголем број предмети и материјали од интерес за постапката, меѓу кои сметководствена документација во оригинал која се однесува на АД Државна лотарија на Македонија, мобилни телефони, лаптоп-компјутери, USB-уреди, надворешни хард-дискови и друга електронска опрема, парични средства, злато и златен накит, накит од брендот „Сваровски“, часовници со поголема вредност, како и брендирани чанти од познати светски производители, меѓу кои „Хермес“, „Луј Витон“„ Диор“ и други.

Дополнително, надвор од една од претресуваните локации, во соседен двор, е пронајдена и одземена фрлена документација која е од интерес за постапката.

Во рамки на спроведената акција, пријавените лица се лишени од слобода.

Предметот е резултат на наодите на извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија во АД Државна лотарија на Република Северна Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Есенска дератизација на Карпош

Општина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со реализација на годишната акција за есенска дератизација на територија на општината, која ќе трае до крајот на оваа календарска година.

Есенска дератизација на Карпош

Акцијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и истата се спроведува редовно и конитуирано со цел контрола и уништување на штетните глодари, како и превенција од појава и ширење на заразни болести. Во рамки на есенската дератизација ќе бидат опфатени околу 5000 шахти на целата територија на Општина Карпош.

Претходно, Општина Карпош спроведе акции за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите општински основни училишта и детски градинки на своја територија. Преку спроведувањето на редовните превентивни мерки,

Општина Карпош обезбедува заштита на јавното здравје и создава побезбедна и поздрава животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров е домаќин на европските партнери од проектот „UrbanGreenLeap“

Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен партнерски состанок на проектот „UrbanGreenLeap“, кој се спроведува во рамки на програмата „Interreg Euro-MED“. 

Општина Ѓорче Петров е домаќин на европските партнери од проектот „UrbanGreenLeap“

Проектот ги поврзува општините и стручните организации во заедничка работа на позелени, поотпорни и поквалитетни јавни простори.

На отворањето на состанокот, градоначалникот Александар Стојкоски ги поздрави партнерите и посочи дека растот на температурите, потребата од повеќе квалитетно зеленило и заштитата на биодиверзитетот бараат практични решенија во кои ќе бидат вклучени граѓаните.

-Нашата цел не е само да создадеме уште еден парк. Во Волково сакаме да создадеме мултифункционален, достапен и климатски отпорен јавен простор, развиен во соработка со експертите, локалните чинители и, пред се, граѓаните што ќе го користат - истакна Стојкоски.

Пилот-просторот во Волково е дел од поширокиот пристап на општината кон планирањето на зелената инфраструктура. Искуството од неговото уредување, учеството на граѓаните и изработката на Планот за урбана природа ќе послужат за подобро планирање и управување со зелените површини низ Ѓорче Петров.

Во проектот учествуваат десет партнери. Водечки партнер е Општина Цеље од Словенија, а покрај Општина Ѓорче Петров, партнери се IPoP - Институт за просторни политики од Словенија, Општина Јанина од Грција, Parkovi d.o.o. од Хрватска, Конзорциумот Oltrepò Mantovano и Ambiente Italia од Италија, Општина Будва од Црна Гора, CREAF од Шпанија и Универзитетот во Загреб - Факултет за шумарство и технологија на дрво од Хрватска.

Како асоцирани партнери учествуваат Здружението на урбани општини на Словенија, Општина Сузара, Град Вараждин и Покраината Мантува.

Општина Ѓорче Петров им се заблагодарува на сите партнери за досегашната соработка и за размената на знаење и искуства што ќе придонесат за реализација на пилот-проектот во Волково и за понатамошен развој на зелените површини во општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер