Јужна Кореја воведе роботи во градинките: Алфа Мини знае се` (ВИДЕО) - Канал 5

Јужна Кореја воведе роботи во градинките: Алфа Мини знае се` (ВИДЕО)

Роботи високи 25 сантиметри кои пеат, танцуваат и вежбаат кунг фу почнаа да се користат како наставни помагала во 300 центри за згрижување деца низ Сеул, пишува Гардијан.

Јужна Кореја воведе роботи во градинките: Алфа Мини знае се` (ВИДЕО)

Сеул почнал да тестира роботи како наставни помагала во градинките - пилот проект за кој градската влада рече дека ќе помогне да се подготви следната генерација за иднината на високата технологија.

„Алфа Мини“ е висок само 24,5 сантиметри и може да танцува, да пее, да рецитира приказни, па дури и да прави кунг фу движења додека децата ги имитираат неговите движења и балансираат на едната нога. „Роботите помагаат во креативноста на децата“, изјавила наставничката Бјун Сео-Јон за France-Presse за време на посетата на раздвижената градинка Мара во Сеул.

Очите на роботот трепкаат - а зениците во текот на разговорот стануваат во облик на срце. Со камера на кацигата прави фотографии кои веднаш се испраќаат на таблет.

„Овие деца ќе знаат како да управуваат со вештачката интелигенција во иднина, и тоа е многу важно“, изјавил за France-Presse Хан Донг-Сеог, од владиниот оддел за грижа за деца во Сеул. Роботите се тестираат во 300 градинки и центри за згрижување деца во Сеул, а владата препорачува програма за деца на возраст од три до пет години.

„Веруваме дека ова искуство во градинките ќе има траен ефект за време на нивната младост и во зрелоста“, рече Хан. Alpha Mini е усвоен како дел од дневниот распоред за возараст од четири до пет години во Мару, а неговата способност да „испушти ветер“ на команда е белег во текот на играта. „Кога ќе му кажам да пее, тој добро пее. Му велам да танцува и танцуваме заедно “, вели петгодишниот Ли Га-јун.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството.

-Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето.

Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец.

Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето.

Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец.

Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош.

Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи.

Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер