Јужна Кореја и Куба воспоставија дипломатски односи - Канал 5

Јужна Кореја и Куба воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја воспостави дипломатски односи со Куба, соопшти нејзината мисија во Обединетите нации, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Јужна Кореја и Куба воспоставија дипломатски односи

Агенцијата истакнува дека изненадувачкото зближување може да биде удар за Северна Кореја, која долго време се фали со своите „братски односи“ со оваа латиноамериканска земја.

Вчера во седиштето на ОН во Њујорк постојаните претставници на двете земји во меѓународната организација разменија дипломатски ноти со што го одбележаа воспоставувањето официјални односи. Куба е 193-та земја со која Јужна Кореја воспостави дипломатски односи.

Иако Куба формално ја призна Јужна Кореја во 1949 година, билатералните односи прекинаа откако Фидел Кастро ја презеде власта на крајот од Кубанската револуција во 1959 година. Од друга страна, Куба и Северна Кореја, кои се сојузници од ерата на Студената војна, продолжија да одржуваат блиски меѓусебни врски откако за првпат воспоставија дипломатски односи во 1960 година.

Во Куба моментално живеат околу 1.100 луѓе со корејско потекло. Според владините податоци во Сеул, во периодот пред пандемијата на Ковид-19, просечно околу 14.000 Јужнокорејци го посетувале островот секоја година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.

Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер