3Денес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!
СветЈужна Кореја ги обновува воените активности на границата со Северна Кореја Јужна Кореја ги обновува воените активности на границата со Северна Кореја првпат од 2018 година.Јужнокорејското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ќе продолжи со воената активност во близина на линијата за демаркација на границата со Северна Кореја и на нејзините северозападни острови, по вчерашната одлука за суспендирање на воениот договор со Пјонгјанг од 2018 година. - Со оваа мерка се обновуваат сите воени активности на нашата армија кои беа суспендирани со договорот од 2018 година, се наведува во соопштението, во кое се истакнува дека армијата „ќе ги преземе сите можни мерки“ за заштита на животите и безбедноста на граѓаните на Јужна Кореја, пренесува Јонхап. Се додава дека за таа одлука е одговорен „севернокорејскиот режим“. - Доколку Северот се обиде да изврши дополнителни провокации, нашата армија силно ќе возврати, истакнува јужнокорејското Министерство. Претседателскиот совет за национална безбедност на Јужна Кореја вчера одлучи да го суспендира воениот договор од 2018 година со Пјонгјанг додека не се врати меѓусебната доверба, како одговор на масовното испраќање балони со смет од Северна во Јужна Кореја. Северна Кореја од четвртокот испрати речиси 1.000 балони со смет во Јужна Кореја во, како што рече Пјонгјанг, кампања против јужнокорејските активисти кои испраќаат балони со пропаганден материјал кои ги критикуваат севернокорејските власти. Во оваа акција немаше човечки жртви, но падот на некои балони предизвика материјална штета, наведува Јонхап. Јужна Кореја во неделата соопшти дека наскоро ќе преземе големи одмазднички чекори, а Северна Кореја потоа соопшти дека привремено ќе го прекине испраќањето балони. Во април 2018 година, тогашниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин и севернокорејскиот врховен водач Ким Џонг Ун се состанаа во селото Панмунџом и ја потпишаа Декларацијата Панмунџом, по што следеше заедничка декларација потпишана во Пјонгјанг во септември 2018 година. Воениот договор, анекс на заедничката декларација, беше потпишан на 19 септември 2018 година, за да се запрат сите непријателски воени дејствија и да се воспостават тампон зони преку меѓукорејската граница на копно, море и воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот. „Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба. Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНовиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан. Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот.Многубројни граѓани од Крива Паланка и околните села денес, 21 ноември, се приклучија на мирниот протест кај мотел „Македонија“, изразувајќи поддршка за барањата за безбедност, заштита на имотот и итно спроведување на решенијата за одземање на добитокот. Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот. „Одиме до крај, додека не биде спроведен законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот. Оваа агонија и голгота мора да престане. Дадов збор дека ќе останам со народот до крај и тој збор ќе го одржам“, порача градоначалникот Сашко Митовски. Митовски побара надлежните институции да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат решенијата донесени пред повеќе од две и пол години. Нагласи дека граѓаните предолго ги трпат последиците и дека заштитата на нивните семејства, имоти и егзистенција бара итно постапување. На протестот се обрати и претседателот на Советот на Општина Крива Паланка, Миле Трајковски, кој порача дека остануваат со граѓаните до решавање на проблемот и најави порадикални протестни мерки доколку изостане конкретно институционално постапување. Оштетени граѓани сведочеа за уништени насади, оштетени имоти, големи материјални загуби и закани со кои се соочувале. Побараа заштита на своите семејства и услови за безбедно живеење и непречено обработување на земјоделските површини. Денешниот протест следува по мерките предложени од Општинскиот кризен штаб, барањето за прогласување 30-дневна кризна состојба и многубројните јавни апели. На 18 ноември, градоначалникот и засегнати граѓани поднесоа кривични пријави со барање да се испита одговорноста за неспроведувањето на решенијата. Доставени се и претставка до ДКСК и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат. Општина Крива Паланка останува покрај своите граѓани, со јасно барање за спроведување на решенијата, институционална одговорност и конкретни резултати на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook