3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
СветЈужна Кореја доби американско одобрение за градба на подморници на нуклеарен погонАмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ѝ дал одобрение на Јужна Кореја за изградба на подморница на нуклеарен погон, драматичен потег со кој Сеул ќе се приклучи на мал клуб земји што имаат вакви бродови.Подморницата ќе се гради во бродоградилиште во Филаделфија, каде што јужнокорејските компании ги зголемија инвестициите, напиша Трамп на социјалните медиуми. Американскиот претседател, кој се сретна со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-Мјунг и други регионални лидери за време на неговата посета, исто така рече дека Сеул се согласил да купи огромни количини американска нафта и гас. Трамп и Ли ги финализираа деталите од трговскиот договор на самитот во Јужна Кореја вчера. Ли, исто така, побара дозвола од САД Јужна Кореја да преработува нуклеарно гориво. Според договорот меѓу двете земји, на Сеул му е забрането да преработува нуклеарно гориво без согласност на САД. -Им дадов зелено светло да изградат подморница на нуклеарен погон наместо старомодните и многу помалку агилни подморници на дизел погон што ги имаат сега, напиша Трамп денеска на својата платформа „Truth Social“. Министерството за индустрија на Јужна Кореја соопшти дека неговите претставници не биле вклучени во деталните дискусии за изградбата на подморницата во Филаделфија. Иако Јужна Кореја има софистицирана бродоградба, Трамп не прецизираше од каде ќе биде набавена погонската технологија за подморницата на нуклеарен погон, која моментално ја поседуваат само неколку земји. САД соработуваат со Австралија и Велика Британија на проект за Австралија за стекнување подморници на нуклеарен погон, што вклучува трансфер на технологија од Соединетите Американски Држави. Ли вчера, за време на состанокот со Трамп, рече дека дозволувањето на Јужна Кореја да изгради неколку подморници на нуклеарен погон опремени со конвенционално оружје значително ќе го намали товарот врз американската војска. Тој, исто така, побара поддршка од Трамп за да се постигне значителен напредок во преговорите за да се дозволи Јужна Кореја повторно да го преработи потрошеното нуклеарно гориво или да збогати ураниум, што моментално не е дозволено според нуклеарниот договор меѓу двете земји, иако Јужна Кореја има нуклеарни реактори за производство на енергија.Тагови: Јужна Кореја подморница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook