МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
1МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
3Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
1Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
ФормулаЈувентус сака да го ангажира Осимен во летниот трансфер рокЈувентус сака на лето да го ангажира напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој е на позајмица во Галатасарај.Според „TEAMtalk“, претставници на италијанскиот клуб вложуваат максимални напори да го реализираат летниот трансфер на 26-годишниот играч. За напаѓачот заинтересиран е и Манчестер јунајтед. Самиот Осимен наводно преферира преселба во клубот од Премиер лигата ова лето, но Јувентус сака да ги искористи блиските врски со агентот на играчот за да ги зголеми шансите за негов потпис. Нигериецот се пресели во Галатасарај на позајмица во летото 2024. На 32 натпревари за турскиот клуб, Осимен постигна 28 гола и пет асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. /МИАТагови: Јувентус Осимен Наполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореностМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето, МЕРМС успеа да го достигне максималниот резултат – целосно исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер. Резултатот од 100 проценти е силна потврда дека отвореноста, отчетноста и навременото информирање на јавноста се поставени како стандарден начин на работа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според официјалниот извештај, МЕРМС е единственото министерство со освоени максимални 100 проценти активна транспарентност во 2026 година. Индексот ја мери исполнетоста на обврските за активно, односно проактивно објавување информации на интернет-страниците на институциите. МЕРМС е институција формирана во 2024 година, а за само две години воспостави нови процедури, работни процеси и стандарди, но и култура на работа во која отвореноста кон јавноста е дел од секојдневната институционална одговорност. Овој резултат е потврда на принципот дека граѓаните имаат право да знаат како работи институцијата, кои одлуки ги носи, кои политики ги спроведува и како се управува со јавните ресурси. Активната транспарентност, како што ја дефинира Центарот за граѓански комуникации, подразбира институциите на сопствена иницијатива да објавуваат информации од јавен карактер, без граѓаните претходно да мора да поднесат барање за нив. Сто проецнти активна транспарентност значи целосно исполнување на критериумите за проактивно објавување информации на веб-страницата на Министерството. Во оценувањето се опфатени клучни области како: пристапот до информации од јавен карактер, надлежностите и услугите на институцијата, одговорноста, отчетноста и интегритетот, како и буџетската и финансиската транспарентност. Дополнително, се оценува и навременоста и целосноста на одговорот на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. И уште поважно: извештајот покажува дека МЕРМС во однос на 2025 година го подобрил резултатот за 34,8 процентни поени, што е најголемото подобрување меѓу министерствата. Токму ова е принципот врз кој МЕРМС го гради своето институционално работење – информацијата да стигне до граѓаните навреме. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека максималниот резултат е признание, но и обврска понатаму да се одржува највисокото ниво на отвореност. Министерството останува посветено на принципите на отвореност, отчетност, професионалност и достапност на информациите, со цел граѓаните, медиумите и сите заинтересирани страни да имаат јасен и навремен увид во работата на институцијата. Максимална транспарентност за само две години – резултат кој покажува дека кога отвореноста кон граѓаните е поставена како принцип на работа, таа може да стане институционален стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва се затвора 14. Џифони МакедонијаЏифонци вечерва ќе покажат што креирале, а ќе бидат избрани и најдобрите филмови на 14. „Џифони Македонија“.Четиринаесетто издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во киното „Фросина“. Од 19 часот ќе започне вечерта во која џифонци покажуваат што креирале во изминатите пет дена за време на работилниците што се одржуваат секоја година. Исто така, вечерва ќе бидат избрани дел од учесниците што ќе ја претставуваат Македонија на централниот настан, односно на Филскиот фестивал во Џифони 2027 година, а ќе бидат избрани и најдобрите филмови на фестивалот. Во изминатите неколку дена, основците, односно учениците од шесто до деветто одделение беа јуниорско жири во Кинотеката каде проследија долгометражни и краткометражни филмови, имаа дискусии и учествуваа на работилници. Целата програма за средношколците се одвиваше во МКЦ – Младонскиот културен центар. Голем интерес кај џифонци вчера предизвика филмот „Кој те создаде“ (Who Made You) кој ја обработуваше темата за вештачката интелигенција на финската режисерка Ирис Харма, со која џифонци можеа да поразговараат и да поставуваат прашања. Таа им објасни дека процесот на создавање бил долг и дека кога креирате документарец, треба да ја следите приказната повеќе години. -Ние како човештво треба да ја разбереме целата работа со АИ и со технологијата, да ја разбереме и посебно властите, луѓето што ги водат државите треба да бидат целосно искрени и да ни кажат што се може да се прави со АИ. Ние мораме да ја разбереме технологијата и да ги разбереме ризиците од користењето и заедно ќе сме посилни - рече Харма. Најважно е да имаме дијалог, а тоа е најважното нешто. Ние мора да имаме поголема контрола врз АИ, рекоа авторите на филмот. Овој документарен филм ѝ пристапува од хуманистичка перспектива на една од најактуелните теми на нашето време: брзиот развој на технологијата и трансформацијата што следува со него. Филмот им дава глас на истражувачите кои работат во оваа област. Преку прикажување на визиите на експертите и средбите меѓу луѓето и роботите, филмот ни овозможува да ѕирнеме во нашата блиска иднина. Јуниорите учествуваа на работилница за мјузикл со Лада Шоптрајанова Петровска, на работилница за ликовна уметност со Моника Мотеска и за краток филм со Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. Средношколците можеа да учат за краток документарен филм со Ханис Багашов, за филмска фотографија со Елена Бојаџиева-Цветковска, за тоа како се прави сториборд заедно со Здравко Гиров и Давор Драмикјанин од здружението „Макстрипови“. Софтверскиот инженер Александар Колов ги внесе џифонци во тајните на 3Д-принтот користејќи рециклирана пластика од шишињата за вода. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија, Италијанскиот културен институт, Џифони Експириенс, Град Скопје, како и општините Карпош, Центар и Кисела Вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?Наскоро се очекува одлука за казната на а нглискиот фудбалски гигант Манчестер Сити поради прекршување на финансиските правила, иако сигурно ќе следат жалби, што укажува на долг процес. Во меѓувреме, се појавуваат предлози за можни санкции- „The Athletic“ открива еден таков предлог кој не вклучува исфрлање од лигата, туку мерка што би го спречила клубот да се натпреварува во Лигата на шампионите во текот на неколку години. Откако минатиот петок медиумот објави дека клубот е прогласен за виновен, новинарот Адам Крафтон во подкастот на *The Athletic* сподели детали од разговор со поранешен високорангиран функционер на Премиер лигата. Тој функционер го изнел својот предлог за санкции уште во 2023 година, кога скандалот првпат изби во јавноста. „Неговата идеја беше на клубот да му се одземат 20 до 25 бода во текот на следните три до пет сезони. Во пракса, тоа би го направило пласманот во Лигата на шампионите речиси невозможен и, во најдобар случај, би го оставило клубот во средината на табелата во тој период“, изјави Крафтон. Засега, ова е само еден од неофицијалните предлози за кои се дискутира. Конечната одлука за казната на Манчестер Сити ќе биде донесена дури откако ќе заврши целиот правен процес. Доколку Манчестер Сити биде казнет на овој начин, тоа би претставувало огромен спортски и финансиски удар за клубот. Сити континуирано настапува во Лигата на шампионите од 2011 година и го освои натпреварувањето во 2023 година. Со неиграњето во Лигата на шампионите, клубот би го изгубил престижот што овозможува привлекување ѕвезди кои сакаат да играат во најсилното натпреварување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook