Јувентус му врачи отказ на Тудор - Канал 5

Јувентус му врачи отказ на Тудор

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го раскина денеска договорот со тренерот Игор Тудор, ден по поразот од Лацио со 0-1 во рамки на 8. коло во Серија А.

Јувентус му врачи отказ на Тудор

До назначување на нов шеф на стручниот штаб, тимот привремено ќе го води тренерот на вториот тим, Масимо Брамбиља.

„Клубот му се заблагодарува на Игор Тудор и на целиот негов персонал за професионализмот и посветеноста што ги покажаа во изминатите месеци и им посакува многу успех во продолжувањето на нивните професионални кариери“, објави попладнево Јувентус.

Јувентус под водството на Хрватот Тудор не постигна гол на последните четири натпревари и е без победа на осум официјални натпревари.

Тудор го презеде Јувентус во март 2025 година по заминувањето на Тијаго Мота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“.

Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“, се вели во извештајот на државниот завод за ревизија. Извештајот е направен за 2024 година.

Според извештајот, не е воспоставено ажурно и навремено евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а дел од нив биле набавувани пред склучување на договор за да се обезбеди непречено вршење на здравствената дејност. Ревизорите утврдиле и дека во рамки на Клиниката не е формирана болничка аптека, преку која треба да се врши управувањето со залихите.

-Ваквата структура на упатувања укажува на зголемено оптоварување на Клиниката, што може да влијае врз ефикасноста на планирањето и организацијата на работниот процес, оптималното користење на расположливите капацитети и достапноста на здравствените услуги за пациентите,- Државен завод за ревизија.

За надминување на утврдените состојби, Државниот завод за ревизија доставил осум препораки до ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајлоски: 4% од БДП за одбраната е потврда дека нашата армија е кредибилен сојузник

НАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија,оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, но реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%.

Мисајлоски: 4% од БДП за одбраната е потврда дека нашата армија е кредибилен сојузник

НАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија, што значи дека иако официјално оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%, вели ресорниот министер Владо Мисајловски. Тој најави дека идната година, буџетот на Министерството би се зголемил доколку Македонија наскоро договори нов пакет за воена помош на Украина.

-Како ќе расте буџетот следната година, односно да стигнеме до 3,5%, во делот на 1,5% ќе бидеме со нашиот буџет за следната година можеби и 4,30% меѓутоа се зависи од динамиката како се движи изградбата на терен и сите оние проекти. // Доколку го завршиме овој процес за Украина и пакетот што заедно го договараме тогаш буџетот на министерството уште повеќе би пораснал. На тој начин, директно да ви кажам, би можеле да добиеме и опрема но и дополнителни финансиски средства кои што ќе влезат директно во буџетот. Секое вложување и давање опрема во Украина, се смета во делот на буџетот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Што се однесува на платите на армиските припадници, Мисајловски посочи дека со започнатите преговори за нов колективен договор очекува платата да се зголеми, но и најави решение за војниците над 45 години, преку кое ќе можат да останат да работат во армијата или министерството. За условите во касарните, пак, министерот вели дека се издвоени 12 милиони евра меѓу другото и за реновирање на дотраените објекти.

-Министерството и армијата сега земаат средства кои што ги надминуваат сите тие институции. Дел е платата, дел се додатоците согласно колективен договор.// Добро е што седнавме со синдикатите и разговаравме, на 15ти договоривме нова средба, потоа и јас ќе разговарам со министерката за финансии и со премиерот за да се качи бодот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Министерот најави и нови договори за воена опрема со САД како дополнување на досегашните со износ од 339 милиони евра, но и нов пакет опрема од Европската унија за македонската армија преку Европскиот мировен фонд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММФ ќе прави анализа на пензискиот систем во Македонија, најави Кочоска

Меѓународниот монетарен фонд ќе прави анализа на пензискиот систем во државава и до владата ќе треба да достави препораки.

ММФ ќе прави анализа на пензискиот систем во Македонија, најави Кочоска

Меѓународниот монетарен фонд ќе прави анализа на пензискиот систем во државава и до владата ќе треба да достави препораки, анализата ќе утврдува што се случува со пензиските столбови и како државата да се справи со идните предизвици, најави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарски прашања на оттчетната предконференција. Вели не сака да прејудицира кои би биле можните препораки, анализата допрва треба да почне да се прави, но лично нејзино мислење во однос на старосната граница за пензионирање вели е да се остави право на избор.

„Еднаш засекогаш да видиме што се случува и како се случува и што би не очекувало во идинина. Најголем проблем со пензискиот фонд ќе биде демографијата. И ова е сериозен проблем не само за МАкедонија туку за цела Европа....Лично сметам дека треба да се остави право на избор, да си останат годините да се даде можност оние кои сакаат да си продолжат да си продолжат... “- Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Инвестициите остануваат главен приоритет на Владата, јавниот долг во првиот квартал годинава изнесува 58,9%, што Кочоска вели е пониско од прокециите при превземање на мандатот. Задоволна е од реализацијата на Буцетот особено во дело на приливите од даноците и царинските давачки, кои и според директорите на УЈП и Царинска се повисоки од планираното...

„Месец јуни заклучно со вцера 12,8 милијарди денари со што имаме нова рекордна наплата на вкупни царински давачки на еден месец....“ - Бобан Николовски – Директор на Царинска управа.

„Растот во 2026 година во однос на 2025 година е неколку кратно поголем...Особено кај растот на добивка што е за 17 пати поголем во однос на растот минатата година, а кај данокот на личен доход е речиси двојно поголем. “- Елена Петрова – Директорка на УЈП.

Во отчетот за сработеното Кочоска се осврна и на предизвиците со кои се соочила Владата поради војната на Блискиот исток за што рече дека и покрај предизивиците успеале да ги амортизираат глобалните економски шокови, но за тоа колку мерките за намалено ДДв и акциза кај нафтените деривати ја чинеа државата, вели тешко да се направи анализа.

Димитриеска-Кочоска кажа и дека за две години од страна на МФ се остварени 8 чекори од реформската агенда...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер