Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
1Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
АвтомобилизамЈутјубери поради снимка уништија џип вреден 250.000 евра (ВИДЕО)Теренец вреден четвртина милион евра е моќна машина, но не е посилна од човечката глупост.Само еден скок бил доволен за да се уништи шасијата на уникатниот теренец. И тоа не било кој, туку чудовиште со три оски и шест тркала. Ѕверот е создаден врз основа на камионот RAM TRX со име Apocalypse Warlord. Звучи убиствено, исто како и информацијата дека моторот е зајакнат на преку 800 КС и дека ги придвижува сите шест тркала со дијаметар од 37 инчи. Момците зад каналот The Triple F Collection не се појавиле, но ја споделија својата несреќа со јавноста. Откако успешно направија неколку скокови со овој теренец, тие решија да ја подигнат шипката, односно да ја зголемат површината за слетување на скокот. Сепак, заборавија еден детаљ, а тоа е дека брзината на движење е важна за карактеристиките на скокот. Наместо тоа, тие одлучиле повторно да летаат со брзина од 48 km/h. Притоа, камерите го овековечија незаборавното слетување. Теренецот со сета сила удри во куп нечистотија и веројатно се искрши сѐ што е можно на предниот дел. Во исто време, видеото од кабината уште појасно покажува колку силен удар предизвика ваквото слетување. Патникот може да биде среќен што се извлече без трајни последици. Затоа предниот дел претрпе многу оштетувања, особено суспензијата и системот за управување. Ударот беше толку силен што инфозабавата се префрли во режим на Bluetooth. Во секој случај, јасно е зошто таквите акробации треба да ги изведуваат професионалци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? По три недели борба за живот, почина 13-годишното дете кое на 31 август беше избодено со нож во Чаир. Информацијата за Канал 5 ја потврдија од скопските клиники, каде што детето се лекуваше каде беше примено со тешка убодна повреда во пределот на срцето и веднаш беше оперирано. Инцидентот се случи на 31 август при физичка пресметка во Чаир помеѓу две групи. Од една страна двајца браќа на возраст од 13 и 19 години, и 13,16 и 19 годишник од друга страна. Полицијата првично извести дека едниот 13 годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. Скопското обвинителство веќе отвори истрага за случајот. За 13 годишникот соопшти дека е под законската граница за кривична одговорност, додека неговиот 19 годишен брат веќе е во притвор. Осомничен е за кривично дело насилство. -Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност, наведоа тогаш од Обвинителството. Но со оглед на тоа што сега во случајот има смртен исход, како што брифираат од обвинителството ќе следи и преквалификација на кривичното дело откако ќе добијат известување. Иако во полицискиот билтен беше наведено дека 13 годишникот е тој што ги нанел убодните рани, според неофицијални информации обвинителството се сомнева дека тој признал бидејќи нема кривично да одговара, а всушност неговиот полнолетен брат бил оној кој ги задал убодите. Засега од обвинителството единствено потврдуваат дека и понатаму се собираат докази за случајот а истрагата треба да утврди кој го нанел убодот од кој настапила смртта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младитеЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа. Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ и иницијативите за млади. Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+). До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“. Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.Тагови: воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-токПолицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото.. Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter