ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
1ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
ЖивотЈутјубер „летал“ на автопат со 390км/час, па се пофалил со снимка- му се заканува затвор (ВИДЕО)Бизарна приказна доаѓа од Полска, каде што познат Јутјубер тврди дека возел по автопатот со 390 км/ч, а потоа се пофалил со видеото на социјалните мрежи.Снимката од БМВ-то го привлече вниманието на јавноста, како и реакцијата на властите. Младиот човек е приведен, му е одземена возачката дозвола, а подоцна е обвинет, објавува ТВП Варшава. Јутјубер го држи воланот и телефонот Објавеното видео го прикажува Јутјуберот, познат како г-дин Бадас, како го држи воланот со едната рака, а телефонот со другата. Полицијата го привела и неговиот пријател кој бил во автомобилот. „Возачот е обвинет според член 74, став 1 од Кривичниот законик, што се однесува на предизвикување непосредна опасност во сообраќајот“, изјави Малгожата Версоцка од Полициската управа во Варшава. Таа додаде дека таквото неодговорно однесување „нема оправдување и претставува закана за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот“. Дали видеото е вистинско? Приведените мажи се полски државјани и никогаш претходно немале никакви проблеми со законот. Возачот се изјаснил за невин, а полицајците му го заплениле БМВ-то, како и телефоните што се користел за снимање. По обвинувањата, сепак, беа изразени сомнежи дека објавената снимка е монтирана, односно дека не е автентична. Истрагата продолжува, а експертите мора да утврдат дали возачот достигнал 390 км/ч на автопатот или станува збор за лажна снимка. Инструкторот за возење Марчин Мјелчарек верува дека снимката „може да биде вистинска“, објаснувајќи дека е можно да се постигнат големи брзини под одредени технички услови. Kierowca pędzący 390 km/h na S79 w Warszawie, z telefonem w ręku, nagrywa własne nieodpowiedzialne zachowanie. Nagranie zamieścił na swoim Instagramie "Mr. Badass", entuzjasta motoryzacji, youtuber i miłośnik BMW, działając w poczuciu bezkarności, lekkomyślnie stwarzają… pic.twitter.com/TH4JZ1C0O2 — Krengiel🇵🇱 (@krulbijedame) June 24, 2025 „Потенцијален убиец“ Од друга страна, тој предупредува дека ова однесување е „исклучително опасно“ и дека никој не треба да го имитира познатиот Јутјубер. „Тој возач е потенцијален убиец. Најлошото е што многу млади луѓе сакаат да го следат и да бидат најдобри, рекордери“, додаде Мјелчарек. Јутјуберот сега се соочува со затворска казна до осум години ако биде прогласен за виновен.Тагови: автопат јутјубер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратеницитеДодека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти.Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците, па и на другите функционери кон нашата држава. Додека устите им се полни со патриотизам и за тоа кој колку ја сака државата, самите предлагачи на Законот за укинување на двојните државјанства, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште молчат и го избегнуваат донесувањето на оваа регулатива. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, со јавно објавен заверен нотарски акт побара и останатите колеги-пратеници да докажат дека и тие како неа, поседуваат само македонско државјанство. До денеска, освен Зајкова, сите други пратеници сметаат дека нема потреба од јавно докажување на лојалноста, верноста и љубовта кон државата, истата од која секој месец земаат плата и користат разни бенефиции. Во таа насока, ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери. Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите“. Воедно, предлагачите на законот исто така да побараат сите актуелни носители на функција да ги достават на увид нивните досиеја и сите што поседуваат двојно државјанство, да се откажат од второто или во истиот момент да си поднесат оставка. Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, но и отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еденАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.Тагови: ирански танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter