Јутјуб најавува строги мерки против креатори кои кријат употреба на вештачка интелигенција - Канал 5

Јутјуб најавува строги мерки против креатори кои кријат употреба на вештачка интелигенција

YouTube воведува построги мерки против креаторите кои користат генеративна вештачка интелигенција за да прават „променети или синтетички“ видеа.

Јутјуб најавува строги мерки против креатори кои кријат употреба на вештачка интелигенција

YouTube воведува построги мерки против креаторите кои користат генеративна вештачка интелигенција за да прават „променети или синтетички“ видеа, предупредувајќи дека би можеле да се соочат со суспензија доколку не ја пријават нивната употреба на технологиите. Како дел од овие мерки, YouTube може да наметне казни или дури и да ја отстрани содржината генерирана од вештачка интелигенција која не е пријавена.

Овој потег доаѓа во светло на неодамнешните мерки воведени од матичната компанија на YouTube, Google, која бара јасно означување на политичките реклами кои користат вештачка интелигенција. Новите политики на YouTube се насочени кон зголемување на транспарентноста и заштита на интегритетот на содржината на платформата.

Џенифер Фланери О'Конор и Емили Моксли, потпретседатели за управување со производи, ја истакнале важноста од балансирање на можностите што ги дава вештачката интелигенција со одговорноста кон заедницата на YouTube. Ова вклучува заштита на гледачите од потенцијално погрешни или штетни содржини.

YouTube планира да воведе нови опции за креаторите, овозможувајќи им јасно да наведат дали нивната видео содржина вклучува елементи генерирани од вештачка интелигенција. Ова е особено важно за видеа кои се занимаваат со чувствителни теми како што се избори, јавно здравје или актуелни конфликти.

Покрај тоа, YouTube продолжува да ги развива своите алатки за вештачка интелигенција за откривање на содржина што ги прекршува правилата на платформата, со цел побрзо да одговори на новите форми на злоупотреба. Тие, исто така, планираат да го ажурираат процесот на приговори за приватност, овозможувајќи барања за отстранување на видео содржини што симулираат препознатливи луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири.

Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири, а засега е ставен под контрола само седум отсто од пожарот, соопшти американското Биро за управување со земјиштето (BLM).

Пожарот, наречен „Квејл Спрингс“ (Quail Springs), настанал од удар на гром и гори веќе речиси една недела. Досега се зафатени повеќе од 54,6 квадратни километри. Неговото ширење е поттикнато од непристапниот терен, високите температури и сувите ветрови. За ова подрачје сè уште е на сила предупредување за екстремни горештини, кое ќе важи најмалку до недела, а во блиска иднина не се очекуваат врнежи.

Од BLM соопштија дека пожарот во моментов не претставува закана за домовите или јавните површини, иако жителите на малото место Рејчел се предупредени за чадот.

Пожарот се шири низ Полигонот за тестирање и обука во Невада (NTTR) – воена зона затворена за јавноста, пренесува Би-би-си.

Овој воен комплекс се наоѓа во близина на „Областа 51“ (Area 51), која била формирана за време на Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз како објект за тестирање и развој на воздухоплови. Она што се случува внатре во „Областа 51“ и денес останува строго чувана тајна.

Пристапот за јавноста е забранет, а забраната се спроведува преку предупредувачки знаци, електронски надзор и вооружени чувари. Токму таа таинственост со децении поттикнува бројни теории на заговор – од кои најпозната е тврдењето дека во базата се чуваат вонземјани чии вселенски летала наводно се урнале на Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата

Со долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од  фестивалот  „Охридско лето“. 

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата

Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје.

Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена програма за изведување, која иако таква, наиде на големо воодушевување и прием кај публиката која уживаше во секој отсвирен тон од страна на француските музичари.

-Ова е првпат да дојдеме овде и навистина беше задоволство да ја откриеме оваа прекрасна црква и нејзината извонредна акустика, изведувајќи програма која е многу деликатна и сложена, како за нас, така и за публиката. Беше вистинско задоволство што можевме да придонесеме луѓето да го откријат Квартетот на Форе – француско дело што со задоволство го изведовме годинава. А тука беше и Гудачкиот квартет бр.14 од Бетовен, чие дело за нас претставува апсолутно ремек-дело, изјавија членовите на „Хермес“ кои веднаш по завршувањето на концертот заминаа во Франција зашто како што најавија, летово им претстојат многу концерти.

Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив да ги спојат со сензибилитетот на публиката. Нивниот идентитет го градат преку бројните патувања и настапи насекаде низ светот. „Карнеги хол“ во Њујорк, Забранетиот град во Пекинг, „Вигмор хол“ во Лондон се само некои од местата во кои настапиле и кои суштински влијаеле врз нивниот развој како ансамбл.Виолончелистот Јан Левионоа свири на инструмент изработен од Давид Течлер во 1703 година кој му е даден на користење од страна на приватни донатори.

Вчерашниот концерт на квартетот „Хермес“ го проследија претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на фестивалот и заменик-амбасадорот на Франција во земјава, Филип Маршето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит,исто така и пожарот на Парос повторно се разгорува.

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит

Според информациите од координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно го отежнуваат силните ветрови и непристапниот терен, што предизвикува постојано повторно појавување на пожарот и негово ширење.

Првичните проценки покажуваат дека се изгорени повеќе од 45 илјади хектари, а се очекува конечниот исход од катастрофата да биде поголем.

Поради многу високиот ризик од нови пожари, властите воведоа привремена забрана за сообраќај и присуство на граѓани во одредени шумски области на Патрас, но и на Халкидики

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер