Јутјуб ја продолжи суспензијата на каналот на Трамп, овојпат на неодредено време

Јутјуб ја продолжи суспензијата на каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а истовремено и ја огранични можноста на советникот на Трамп Руди Џулијани да заработува од таа платформа.

Ова е втор пат во последните две недели да е продолжено ограничувањето со кое се спречува Трамп да објавува видео снимки на таа платформа, пишува американски „Политико“.

Тој најпрвин е блокиран на 12 јануари поради страв од дополнително насилство, и тогаш компанијата соопшти дека Трам е блокиран прв пат од три можни пред забрана на неодредено време.

Минатиот вторник Трамп е блокиран уште на една недела, а вчерашната забрана не е временски ограничена.

Портпаролката на овој стриминг сервис, Ајви Чои, рекола дека поради загриженост околу потенцијално насилство каналот на Доналд Трамп останува под суспензијана неодредено време.

Истовремено, компанијата соопштила дека на Џулијани привремено му е забрането учество во програмата која овозможува да заработува од неговиот канал, а поради неговите ставови за резултатите на неодамна одржаните претседателски избори.

Неговата забрана ќе трае 30 дена, пишува „Политико“.

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште 5 год

Според министерот Бочварски, целта со новиот закон е да престанат нелегалните градби и процесот на градење да се одвива во редовни постапки.

Со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто заклучно со вчера беше во сила десет години, треба да се овозможи негово продолжување уште пет години за да може општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација. Тие законски измени се на дневн ред на денешната 34. седница, но за нив Парламентот ќе расправа откако ќе поминат во надлежните комисии. Во собраниска процедура е и новиот предлог закон за легализација на дивоградби со којшто се овозможува легализирање на вакви објекти, со одредени исклучоци, но со плаќање 50 проценти од износот на комуналиите.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски деновиве бара начин за легализација на бесправните објекти.

-Вчера истече рокот, има граѓани кои не успелае да соберат 50 евра за да направат елаборат и не успеале да ги легализираат нивните објекти, тоа е нивниот дом и сега немаат начин, остануваат дивоградби. Државата не треба да урива затоа што тоа е материјално добро и пред се, на најсиромашните. Ако не го продолжиме законот, еве заглавен е, навистина никој нема придобивка од тоа, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по почетокот на изградба на далекуводот Штип-Овче Поле.

Според министерот Бочварски, целта со новиот закон е да престанат нелегалните градби и процесот на градење да се одвива во редовни постапки.

-Новиот закон за бесправно изградени објекти којшто е во собраниска процедура е покренат од градоначалниците и со него сите плаќаат 50 проценти плус на комуналиите, со што секој оној којшто изградил бесправно, а ќе се вклопи во идниот развој на плановите ќе плати 50 проценти од износот на комуналиите како пенали со цел да го натераме народот да престане да гради нелегално, туку да оди во редовните процедури и постапки, рече Бочварски.

Важно е дека со овој закон решаваме клучни и главни инфраструктурни прашања и проекти на државата, далекуводи, гасоводи, водоводи и различни објекти што биле изградени одамна со сите процедури, но не се впишани во Катастарот. Овој закон треба да помине токму поради продолжување на постапките и процесите во државата, истакна Бочварски.

Во однос на станбените згради, тоа што беше одреден недостаток во претходниот закон, како што појасни, сега решението во новиот закон е дека нема да може да се легализираат големи станбени единици, со цел да не се наруши целиот простор и урбаното живеење во државата. Ова е една од придобивките со кои ќе ги запреме сите овие големи гломазни процеси кои беа во тек со претходниот закон, но сакаме заради решавање на важни прашања за граѓаните и за државата да продолжи овој нов закон за бесправно изградени објекти, изјави министерот Бочварски.

Од 2011 година кога почна процесот, досега се легализирани 265.264 бесправно изградени објекти.

Со Законот за легализација чија важност истече вчера можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврати беа поднесени 430 илјади барања за легализација. Новиот предлог закон, пак, се однесува за дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, со исклучок на дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион.

МЗ:„Фајзер-Бионтек“ во 2021 во 4 квартали ќе испорача 800.280 дози вакцини

Производителот „Фајзер-Бионтек" во 2021 година на Република Македонија ќе и испорача 800.280 дози вакцини.

Министерството за здравство ja информира јавноста дека компанијата „Фајзер-Бионтек", производител на вакцини против Ковид 19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година.

Производителот „Фајзер-Бионтек" во 2021 година на Република Македонија ќе и испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во 4 квартали, а првата достава ќе се случи во месец март. Во договорот е наведено дека компанијата „Фајзер-Бионтек" овој месец во нашата земја ќе испорача 21.060 дози вакцини.

Вакцините на производителот „Фајзер-Бионтек" се спакувани во повеќедозажни вијали, од една вијала се вадат 6 дози вакцини. Вакцината се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена да се чува 6 часа. Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за прием и спроведување на вакцинација. Со вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек", веќе неколку недели се врши имунизација на здравствените работници кои се во првата приоритетна група за вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација.

Министерство за здравство

Над 30 интервенции на ТППЕ Кичево оваа година

Вработените во територијалната против-пожарна единица (ТППЕ) од Кичево во текот на оваа календарска година имале над 30 интервенции на пожари, претежно на отворен простор. 

Последниот и најголем пожар што избувна вчера кај селото Колари е целосно изгаснат, по интервенција за кичевските пожарникари со едно возило.

-Во текот на оваа календарска година сме интервенирале над 30 пати и тоа претежно на пожари на отворен простор, од опожарени контејнери, диви депонии, ниви, до куќи и сообраќајни средства. Последната наша интервенција беше на пожарот што избувна вчера во атарот на село Колибари, каде што беше опжарена површина со ситно стеблеста и дегадирана шума.На овој пожар интервенираме со едно возило и пожарот е целосно изгаснат. Причините за истиот допрва ќе се утврдуваат, бидејќи на самото место беа присутни и полициски службеници, информира Горан Соколески, командир на ТППЕ Кичево.

Тој потсети дека често контактираат и со земјоделците и апелираат да не се палат стрништа и други остатоци на нивите, затоа што може огнот да се прошири и предизвика штета од пошироки размери.

И покрај овие апели, често може да се забележи чад од нивите, каде се палат остатоците од ланската вегетација за да ги оспособат овие површини за пролетна сеидба.

притисни ентер