Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
1Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
Шоу бизЈутјуб ги затвори каналите на Расел БрендВидеоканалите на Расел Бренд на Јутјуб се суспендирани до следно известување, поради „прекршување на политиката на одговорност“ и заради заштита на корисниците, како што е наведено.„Ако однесувањето на создавачот на содржини вон платформата им наштетува на нашите корисници, вработени или екосистемот, ние преземаме акција. Одлуката се однесува на сите канали што може да се во сопственост или управувани од Бренд“, соопшти видеоплатформата. Британскиот глумец деновиве се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба и насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер.На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и конкурентна енергетска инфраструктура. Министерката Божиновска говореше за реформите и активностите што ги спроведува Министерството во насока на обезбедување стабилно и сигурно снабдување со енергија, забрзување на енергетската транзиција и усогласување на националната енергетска политика со европските стандарди и политики. Посебен акцент беше ставен на развојот на гасната инфраструктура и регионалното енергетско поврзување, како и на значењето на инфраструктурните проекти што придонесуваат за поголема отпорност и сигурност на енергетскиот систем. На средбата беше разговарано и за искуствата на Северна Рајна-Вестфалија во процесот на енергетска трансформација, имајќи предвид дека станува збор за еден од најзначајните европски индустриски региони, кој паралелно со економскиот развој спроведува процеси на декарбонизација и модернизација на енергетскиот сектор. Во разговорот беше истакнато значењето на размената на знаења, добри практики и искуства, особено во делот на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и создавањето услови за нови инвестиции. Европската соработка и размената на искуства со развиените европски региони се важен дел од процесот на модернизација на македонскиот енергетски сектор. За Македонија е од особено значење да ги користи искуствата на европските партнери кои веќе поминуваат низ комплексни процеси на енергетска трансформација. На средбата беше оценето дека постојат можности за продлабочување на институционалната соработка и за понатамошна размена на искуства во областите од заеднички интерес, особено во контекст на европската интеграција, енергетската транзиција и зајакнувањето на регионалната енергетска поврзаност. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Заврши ликовната колонија „Нерешки мајстори“Градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Совет, Христо Саракинов, денска присуствуваа на завршниот ден од ликовна колонија ,,Нерешки мајстори”, која се одржуваше во амбиентот на црквата Св.Пантелејмон во Нерези. Во рамки на тридневната колонија, десет реномирани академски сликари создаваа свои уметнички дела инспирирани од духовното, културното и природното богатство на овој значаен локалитет. „Денеска сме сведоци на прекрасни ликовни дела кои произлегоа од талентот, креативноста и вештите раце на уметниците, инспирани од спонтаната атмосфера која ја создава природата и ова величенствено опкружување во црквата Св. Пантелејмон – истакна Лукоровски. Во знак на благодарност и добра соработка, учесниците ги донираа своите дела на Општина Карпош, со што значително ќе се збогати општинската уметничка колекција. По тој повод, градоначалникот Лукровски на сите учесници им врачи благодарници за нивниот придонес и учество на ликовната колонија. На ликовна колонија ,,Нерешки мајстори” учествуваа: Владимир Лазоски, Данчо Ордев, Емилија и Стојче Тоциновски, Даниела Илиевска, Соња Поповска Трајковска, Сара Поповска, Зоран Бошковски, Ахмед Кадри, Христина Стојчевска, Мики Трендафиловски. Општина Карпош, преку Програмата за култура, во континуитет останува посветена на поддршката и афирмацијата на културата и уметноста кои придонесуваат за збогатување на животот во Карпош. ОПШТИНА КАРПОШКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари – Милер: Наш приоритет е најдобриот интерес на дететоМинистерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата.На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на потребата од континуирано зајакнување на капацитетите на сите субјекти во системот за правда за децата. Новиот Закон ја нагласува потребата од специјализација на професионалците кои работат со деца, поради што од особено значење е продолжувањето на обуките за правните професионалци за соодветен третман и заштита на децата – жртви или сведоци на насилство и криминал, како и за примена на пристапите на ресторативната правда. Подзаконските акти се уште еден важен чекор во практичната имплементација на Законот, бидејќи обезбедуваат јасни процедури, стандарди и алатки за доследно спроведување на неговите принципи. На секое дете му е потребен правосуден систем што ги препознава неговите потреби, ги штити неговите права и му овозможува реален и еднаков пристап до правда. Министерството за правда останува посветено на унапредувањето на системот за правда за децата и на создавањето институционални услови во кои правата на секое дете ќе бидат целосно почитувани и заштитени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter