Јупитер помал отколку што се мислеше претходно - Канал 5

Јупитер помал отколку што се мислеше претходно

Јупитер е убедливо најголемата планета во нашиот Сончев Систем, но новите мерења покажуваат дека е малку помал отколку што се мислеше претходно.

Јупитер помал отколку што се мислеше претходно

Користејќи податоци од вселенското летало „Џуно“ на НАСА, научниците ги добија најпрецизните мерења досега за обликот и големината на петтата планета од Сонцето. Информациите говорат дека Јупитер има екваторски дијаметар од 142.976 километри, или осум км помалку отколку што покажуваа претходните мерења. Исто така, според новите наоди, дијаметарот на најголемата планета од северниот до јужниот пол е околу 133.684 км, односно 24 км помалку отколку што се веруваше претходно.

Јупитер, како и Земјата, нема совршен топчест облик, туку е делумно „сплескан“, а новите податоци укажуваат дека тоа е и малку повеќе отколку што досега се сметаше. Хоризонталниот дијаметар на Јупитер е околу седум отсто подолг од неговиот вертикален дијаметар. А пак, екваторијалниот дијаметар на Земјата е само 0,33 отсто подолг од растојанието меѓу Северниот и Јужниот Пол.

Поранешните мерења на Јупитер се засноваа на податоци од вселенските летала „Војаџер“ и „Пионир“ на НАСА кон крајот на 1970-тите. „Џуно“, лансирано во 2011 година, орбитира околу најголемата планета од 2016 година, испраќајќи необработени податоци назад на Земјата.

Во 2021 година, НАСА ја продолжи својата мисија, со што им даде можност на научниците да продолжат со мерењата што потоа овозможуваат попрецизно истражување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Компании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува  „Ројтерс“.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари.

Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција.

Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите

За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер