Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
2 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
КултураЈулија Козакова Трио, „Мордаи“ и „Луфтанза“ го затвораат 24. ОФФестСо вечерашните настапи на Јулија Козакова Трио од Словачка, фолк-рок бендот „Мордаи“ од Унгарија и македонскиот состав „Луфтанза“ завршува годинашното 24. издание на ОФФест. Програмата ќе почне со проекција на бразилскиот документарен филм ,,Саравах" во Киното Фросина по што следува насрапот на Козакова, придружена од гитара и бас. Оваа словачка пејачка е најпозната по својата соло кариера и нејзиниот албум „Manuša“ од 2022 година. На ова издание таа внесе нов дух во некои од традиционалните ромски песни вкоренети во Словачка и Централна Европа. Од 13-годишна возраст Јулија свири со ромски музичари, а од соработките се истакнува онаа со чешката пејачка Ида Келарова. Деби албумот „Manuša” го отвори меѓународниот хоризонт за нејзините прекрасни интерпретации и таа настапи во Велика Британија, Белгија, Италија, Естонија, Чешка и нејзината родна Словачка. Реакциите на медиумите беа одлични и албумот беше највисоко рангираното словачко издание во жанрот „музика на светот“ на World Music Charts Europe, а ја доби и Radio Head наградата во истата категорија. Јулија Козакова има диплома од SOAS University of London, а моментно студира и џез пеење на Академијата во Брно. По Козакова, во МКЦ Дансинг салата ќе настапат Мордаи, фолк-рок бендот кој во најголема мера е инспириран од репертоарот на унгарските експериментални фолк музичари од 60-те и 70-те, чиј специфичен звук го отсликува мрачниот дух на друмските одметници. Многу брзо по првиот сингл Mordái се наметнаа како важен дел сцената во Будимпешта и се претставија на некои од најважните унгарски фестивали и клубови. Првите снимки од 2020-та им донесоа повеќе признанија и следуваше молскавична кариера. Албумот „A Dream Fell On My Еyes“, издаден во 2022, им донесе блескави критики и восхит кај публиката. Групата има настапувано на најпрестижните европски фестивали, како Primavera во Барселона, Eurosonic во Холандија, INmusic, Volt, Waves, Budapest Ritmo, Music Moscow и други. Влијанијата од фолк музиката на звукот на Mordái му даваат автентичност и длабочина, текстовите полна ангажираност, а рокот и гитарите - голема движечка сила. Mordái годинава се најдоа на програмата на South by Southwest во Остин, Тексас, што е досега најголемото признание за бендот. Во МКЦ Дансинг салата ќе настапат и Луфтанза. Бендот се формираше во 2020 година и со четири албуми, пет години подоцна, прерасна во кормилар на свежиот бран во македонската алтернативна музика. Вредни, енергични и исклучително скромни, овие талентирани музичари ја претставуваат генерацијата на која ѝ е јасно дека формулата е многу едноставна - со искрена љубов и многу труд, резултатите пристигаат сами. Потврда за тоа се нивните настапи во Унгарија, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Словенија, Хрватска, Србија... Луфтанза имаат неверојатен спектар на вкусови, интереси и музичко познавање. Продукцискиот квалитет на нивниот материјал се носи со изданијата на релевантни светски инди имиња, но тоа не би значело ништо доколку во нивните песни не вибрира енергијата што ја поседуваат. На последното издание „Далеку од вистинското нешто“ (2024) можете да препознаете влијанија и од Black Sabbath, па и од Darkwood Dub и сè помеѓу. И ако воопшто можат да се стават во рамка тоа би одело отприлика вака: експериментален и психоделичен рок, пост- панк и no-wave. А вистинската слика е онаа на концертните настапи. Публиката изминатите три дена имаше можност да ужива во изведбите на маестралниот гитарист Вје Фарка Туре од Мали, вокалистката Флоренс Адони од Гана, финскиот виртуоз на хармоника Кимо Похјонен и дивата на португалскиот џез Марија Жоао. Фестивалот го отворија Драган и Ратко Даутовски и Canzoniere Grecanico Salentino.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаJП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина. Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаботна посета на министерот Муцунски на ЛондонМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРаботна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МетеоПроменливо облачно и топло со температура до 34 степени, утре предупредување за невреме Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 32 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе се задржи топло време. Утре на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси со пообилни врнежи и ретка појава на град. Од четврток следува претежно сончево време со променлива облачност и слаб до умерен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРаботна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38