Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите
1Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите
3Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат
УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
1Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
КултураЈубилејно издание на Абецедарот - Буквар за македонските деца во ГрцијаВо издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат јубилејно издание на Абецедарот - Буквар за македонските деца во Грција, објавен во 1925 години во Атина.- Ова дело е драгоцен документ за македонската лингвистичка наука, а уште повеќе за македонската историографија. Абцедарот е печатен на хрватска латиница на леринско-битолско наречје. Всушност тој е првиот документ пишуван по Речникот на Џанели од шеснесетиот век и Даниловиот четиријазичник од деветнаесеттиот век, пишуван на македонски народен јазик, соопшти „Матица македонска“ од Скопје. Грчкиот публицист и специјалист за балканските прашања Никос Зарифис излегувањето од печат на Букварот го оценува како вонреден настан во животот на малцинствата во Грција. Во весникот „Елфтерон Вима“ од 19 октомври 1925 година, пишува: „Имаме веќе готов буквар за словеногласните, за што грижливо се погрижија и добросовесно работеа специјалистите Г. Г. Папазахариу Сајакис и Лазару. Тоа е дело кое наспроти тешкотиите за неговото составување, претставува прирачник за употреба...“ Абецедарот бил испратен во некои околии од Западна Егејска Македонија (Костурска, Леринска и Воденска) и соодветните училишта преземале мерки за учење на македонските деца до четврто одделение на македонски јазик. Меѓутоа, грчките влади никогаш искрено не пристапуваа кон решавање на прашањето на Македонците и нивните национални права во Грција. -Абецедарот е едно силно сведоштво, не само за постоењето на многубројното македонско национално малцинство во Грција, туку и за фактот, дека Грција била принудена од Друштвото на народите да преземе одредени задолженија за задоволување на правата на македонското малцинство, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
ЖивотАвстралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоциАвстралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИПремиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „Опенаи“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството. „Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘Опенаи‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот Уште на самиот почеток.тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „Опенаи“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството.„Опенаи“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти. „Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „Опенаи“. Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога вештачката интелегенција самостојно хакирала други компании.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциитеДо крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат и дека буџетскиот дефицит, растот на БДП и задолжувањата ќе се одвиваат согласно проектираното во Ребалансот на Буџетот. „До крајот на годината не очекуваме позначајни промени и остануваме на проекцијата што ја имавме особено имајќи предвид дека стапката на раст во вториот квартал е 4,3%. Владата во измиантите две години многу посветено и напорно работеше на економијата и мислам дека сето тоа сега дава на некој начин резулати. И во однос на буџетскиот дефицит тоа што ни е проектирано, тоа ќе остане, без оглед на тоа дали ние ќе правиме ребаланс или нема да правиме ребаланс. Доколку се одлучиме и правиме ребаланс на буџетот во истовреме ќе работиме на кратење и на приходна и на расходна страна. Доколку останеме на истата состојба како сега повторно кажувам дека дефицитот нема да оди надвор од предвидено, во истовреме и задолжувањето бидејќи и тоа е дел од Ребалансот, којшто поминал во Собрание и тоа да кажеме се некои рамки во коишто Министерството за финансии мора да се движи“, истакна министерката за финансии во интервју за Македонската телевизија во Њујорк. Потенцира дека се следат будно состојбите и дека се реагира согласно случувањата на глобално ниво. „Ги следиме состојбите и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Ние во Министерството за финансии минатата недела имавме состанок со Управата за јавни приходи и Царинската управа во насока на тоа да видиме кои се нашите очекувања согласно состојбите, какви се очекувањата до крајот на годината, како се полни Буџетот и она што може заеднички да го кажеме е во рамките на планиранот, освен кај акцизата заради мерките“, наведе министерката. Министерката, којашто во Њујорк учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, посочи дека мерките што се преземени како одговор на кризата се соодветни и дека имаат влијание на Буџетот. „Она што е очигледно дека најмногу имаме влијание кај акцизата и таму се и мерките најголем период фокусирани, но од друга страна може да потвдиме дека Македонија е една од земјите коишто навистина има највисока стапка на раст и најстабилна и една од пониските инфалции, што јасно покажува дека мерките биле навистина насочени таму каде што треба. Морам да кажам дека низ целата дискусија постојано проверуваше фактот дека ние треба да се фокусираме на долгорочен раст кој се заснова на продуктивност. За да имате добра продуктивност во исто време треба да имате што е можно поевтини параметри или суровини. На некој начин и енергетските суровини се тие што треба да одржат пониски цени за да имаме поголема конкуретност. Така што би рекла дека сме во добра насока, но неизвесноста останува и натаму, а ќе се прилагодуваме согласно состојбите на светско ниво, бидејќи тоа не зависи од нас“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСе урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинатМост над реката Тротуш во романскиот округ Бакау претрпе сериозни оштетувања во средата наутро, откако преку него помина тешко возило.Сообраќајот на државниот пат што ги поврзува Бакау и Меркуреа Чук е прекинат, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци. Инцидентот се случи во селото Чобануш, во општина Асау. Според информациите од надлежните служби, мостот над реката Тротуш попуштил откако преку него поминало тешко возило кое немало дозвола за движење на таа делница, пренесува „Телеграф“. „Пожарникари од Бакау беа повикани да интервенираат во селото Чобануш, во општина Асау, по инцидент во кој беше оштетен железен мост. Немаше повредени лица“, соопштија во средата наутро од Инспекторатот за вонредни ситуации (ISU) на округот Бакау. Сообраќајот е запрен, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци. „За справување со ситуацијата, одредена е заобиколница за возилата. Во моментов, сообраќајот во областа го регулираат полициски службеници. Тимот за техничка поддршка ќе излезе на терен за да ја процени состојбата и да ги утврди потребните мерки“, соопштија од ISU Бакау. Како што е наведено, состојбата ќе биде разгледана од Окружниот комитет за вонредни ситуации, кој е свикан за да се утврдат мерките потребни за воспоставување на сообраќајот и нормализирање на работата. Во погодената област е упатено возило на брза помош. Надлежните органи исто така презедоа мерки за да се осигури дека нема да дојде до доцнење на медицинските интервенции во областите погодени од прекините во сообраќајот.Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook