Јубилејно 15-то издание на Виноскоп од 13 до 17 мај - Канал 5

Јубилејно 15-то издание на Виноскоп од 13 до 17 мај

Препознатливиот градски фестивал Виноскоп годинава се враќа со јубилејното 15-то издание, со амбиција и оваа пролет повторно да биде едно од клучните градски случувања. 

Јубилејно 15-то издание на Виноскоп од 13 до 17 мај

Винската приказна од 13 до 17 мај 2026 година во градски парк на Школка повторно ќе ги обедини љубителите на доброто вино, музиката и урбаната култура, носејќи нова енергија и уште побогата програма.

Во текот на изминатите години, Виноскоп прерасна во препознатлив градски фестивал кој ја слави винската традиција, но и модерниот начин на уживање во животот. И ова издание ќе понуди внимателно селектирана понуда на вина, гастрономски деликатеси и музичка програма што ќе создаде уникатна атмосфера за посетителите.

Покрај дегустациите и дружењето, Виноскоп останува простор за поврзување, размена на искуства и уживање во урбаниот дух на градот. Посетителите ќе имаат можност да откријат нови вкусови, да уживаат во добро познати етикети и да бидат дел од едно поинакво фестивалско доживување.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за програмата и учесниците, а публиката ќе ја забавуваат звучни имиња од македонската естрада.

Дел од фестивалската понуда ќе бидат и бројни винарии од целата земја, кои ќе понудат избрана селекција на квалитетни вина и автентични вински вкусови.

Виноскоп 2026 ветува уште едно незаборавно издание – место каде виното, музиката и доброто расположение се спојуваат во едно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство.

„Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски.

При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата.

Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер