Јубилејниот часовник на Порше е хит, наскоро ќе биде распродаден (ФОТО) - Канал 5

Јубилејниот часовник на Порше е хит, наскоро ќе биде распродаден (ФОТО)

Со овој часовник се слави 75 години од постоењето на Porsche, а серијата е строго ограничена.

Јубилејниот часовник на Порше е хит, наскоро ќе биде распродаден (ФОТО)

Претставен е од Porsche Design, а почетокот на продажбата беше означен со пригодна премиера на Фестивалот на брзината. Притоа не се очекува уште долго да остане во понудата. Имено, серијата е ограничена на 475 примероци кои лесно би можеле да се распродадат и покрај цената од 9975 евра.

Целосното име Chronograph 1 – 75 Years Porsche Edition се напојува со Porsche Design Werk калибар 01.140. Автоматското движење е сертифицирано од швајцарскиот институт за тестирање COSC, кој гарантира најголема прецизност и перформанси.

Часовникот има бројни функции карактеристични за овој тип на часовници. Дијаметарот на часовникот е 40,8 mm и е висок 14,15 mm. Водоотпорен е до длабочина од 100 m, а калибарот Werk 01.140 со 25 скапоцени камења работи со 28.800 отчукувања на час. Има резерва од 48 часа.

Часовникот се нуди со плетен ремен, со кожен централен дел и сини детали за шевови со централна црвена линија. Достапно е и црно кожено ременче со црни шевови.

Дизајнерскиот часовник е заснован на часовникот што е инсталиран на предната арматура на концептниот автомобил на Porsche, бескомпромисниот Mission X. Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека оригиналниот дизајн е дериват на легендарниот Chronograph 1 од 1972 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за сите

Од почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. 

Вакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за сите

Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581).

Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно. Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин.

Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно.

Денес е склучен договор за дополнителни 26.000 вакцини, од производителот Санофи, кои ќе пристигнат до 15 ноември, или досега вкупно 56.000 вакцини, а најавени се уште 30.000 вакцини до крајот на ноември. Со тоа ќе бидат обезбедени вкупно 86.000 вакцини – најмногу досега, и околу 20.000 повеќе од бројот на моментално пријавени граѓани.

„Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение – секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Војна“ меѓу двете најсекси „ангели“ на „Викторијас сикрет“ – дали причината е Том Брејди?

 Судејќи според најновите објави на социјалните мрежи, се води „вистинска војна“ меѓу две од најбараните „ангели“ на „Викторијас сикрет“, а причината за тоа е поранешната НФЛ-ѕвезда Том Брејди.

 „Војна“ меѓу двете најсекси „ангели“ на „Викторијас сикрет“ – дали причината е Том Брејди?

Манекенките Џоан Смолс и Кендис Свонпул моментално се во конфликт, а според информациите на социјалните мрежи, главна причина за нивната кавга е односот на Кендис со Том Брејди.

Сè започнало минатата недела, кога порталот „Just Jared“ на Инстаграм објави вест дека двете супермодели веќе не се „следат“ меѓусебно на таа мрежа.

Ова поттикна шпекулации дека тие не се во добри односи и дека зад сцената се случува нешто сериозно.

Смолс набргу се вклучи во коментарите и, како што се чини, ги потврди сомнежите. Таа напиша само: „Два збора: ’Summer House‘! Тоа објаснува сè.“

Иако не појасни што точно значи оваа реченица, последната сезона од реалното шоу „Summer House“ го прикажа прекинот на пријателството помеѓу Аманда Батула и Кјара Милер.

До кавгата дојде бидејќи Батула тајно започнала врска со поранешното момче на Милер, Вест Вилсон.

И тука драмата не завршува... Смолс ја нарече Кендис „предавничка“ во нова бурна објава на Инстаграм.

Еден корисник на Инстаграм ја праша познатата манекенка дали може да ја потврди информацијата дека таа и Кендис веќе не разговараат, на што Смолс кратко одговори: „Не се дружам со предавници“.

Иако официјалната причина за конфликтот не е позната, коментарите се појавија истовремено со веста дека Кендис Сванепул е во врска со Том Брејди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси.

Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година.

„Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето.

Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование.

За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер