Јубилејни „Голачки фолклорни средби“ во Делчево со над 400 играорци од четири држави - Канал 5

Јубилејни „Голачки фолклорни средби“ во Делчево со над 400 играорци од четири држави

Над 400 играорци од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија синоќа го промовираа фолклорното богатство на јубилејното 30-то издание на традиционалните „Голачки фолклорни средби“ во Делчево.

Јубилејни „Голачки фолклорни средби“ во Делчево со над 400 играорци од четири држави

На летната сцена пред Спомен-домот „АСНОМ“ настапија 13 културно-уметнички друштва и ансамбли, оркестри, пејачки групи и инструменталисти.

Поради забраната за движење во шума и зголемениот ризик од пожари, фестивалот и годинава се одржа во центарот на градот, со одлука на сите релевантни чинители.

– Локацијата не го намалува значењето на фестивалот. Напротив, кога е фолклорот во прашање, секоја сцена е соодветна. Нашата цел е да ја продолжиме традицијата – истакнаа градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров, Златко Начовски изрази јавна благодарност до сите учесници, како и до Општина Делчево и Министерството за култура, кои овозможија уште една вечер во знакот на фолклорот и традицијата.

На настанот му претходеше дефиле низ градските улици во Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

Вчера (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.

Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер