Јубилејна 1000. победа за Грег Попович - Канал 5

Јубилејна 1000. победа за Грег Попович

Американскиот тренер Грег Попович ноќеска ја забележа јубилејната 1000. победа во НБА лигата. Тој го предводеше Сан Антонио до гостински триумф кај Индијана.

Јубилејна 1000. победа за Грег Попович
Попович до овој јубилеј дојде по 1462 натпревари во 19 НБА сезони. Од него само двајца тренери, Фил Џексон и Пат Рајли побрзо стигнале до победата број 1.000.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска: Индијана - Сан Антонио 93:95, Филаделфија - Голден Стејт 84:89, Вашингтон - Орландо 96:80, Мајами - Њујорк 109:95, Милвоки - Бруклин 103:97, Минесота - Атланта 105:117, Њу Орлеанс - Јута 96:100, Далас - ЛА Клиперс 98:115 и Денвер - Оклахома Сити 114:124.

Пласман Источна конференција: Атланта 43-10 (победи-порази), Торонто 35-17, Вашингтон 33-20, Чикаго 32-20, Кливленд 32-21, Милвоки 29-23, Шарлот 22-29, Мајами 22-29,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 41-9, Мемфис 38-13, Хјустон 35-16, Портланд 35-17, Далас 35-19, ЛА Клиперс 34-19, Сан Аантонио 33-19, Феникс 29-24,.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неа

Шарлот Настасе посвоената ќерка на легендарниот романски тенисер Илие Настасе откако нејзиниот славен татко  јавно се откажа од неа, сега живее како бездомничка.

Ќерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неа

80 годишниот Илие Настасе е најдобриот романски тенисер на сите времиња. Тој има освоено две Грен слем титули (УС Опен во 1972 и Ролан Гарос во 1973 година), а двапати играл и во финалето на Вимблдон.

Во игра на двојки освоил три Грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен), а во мешани двојки двапати победил на Вимблдон, со што вкупно има седум Грен слем титули.

Сепак, она по што е попознат се контроверзите надвор од теренот и неговиот начин на живот. Неговата посвоена ќерка Шарлот денес живее на улица. Таа е бездомничка и моли за помош. И нејзиниот татко знае за тоа, но не се грижи. Тој јавно се откажа од својата посвоена ќерка.

https://www.instagram.com/reel/DTyNr6IlBqX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A0kdDgMpLR8j4REqTZcO3DW

„Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со скандалите. Таа си го тера својот пат. Ѝ помогнав кога ѝ беше потребно. Платив речиси половина милион евра за нејзиното образование. Таа живее во Америка, јас сум во Романија и веќе не ми е грижа. Секој си има свој живот“, рече Настасе, ставајќи крај на приказните за неа.

Илие Настасе некогаш беше тенисер број еден во светот и освои вкупно 64 титули во поединечна конкуренција и 45 во двојки, но повеќе се зборува за неговиот приватен живот. Зошто јавно се откажа од својата посвоена ќерка Шарлот?

Затоа што во 2021 година таа одлучи да отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“. Тогаш тој ја прекина секоја комуникација со неа. Пред тоа, таа се испроба во разни професии.

Во 2020 година работеше како фитнес-тренер, потоа за американската авиокомпанија „American Airlines“, а кратко време беше активна и во модната индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“

Поранешниот француски репрезентативец Бенжамен Менди на аукција ја продаде репликата на трофејот што го доби во 2018 година по освојувањето на Светското фудбалско првенство . 

Контроверзниот Менди  го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“

Од продажбата тој заработи 54.000 евра. Станува збор за трофејот што секој играч го добива – покрај медалот – за освојувањето на Светското фудбалско првенство.

Тој ја објасни својата одлука на „Снепчет“ (Snapchat): „Дали е тоа мој трофеј или ваш? Мој е и можам да правам со него што сакам. Ми зафаќаше многу простор во плакарот. Имам уште работи што можам да ги продадам“, рече Менди, покажувајќи ги своите полици полни со медали и трофеи.

А ги има навистина многу. Со Манчестер Сити, тој четири пати беше англиски шампион и освои еден ФА куп и три Лига-купови. Со Сити го освои и англискиот Суперкуп. Менди беше и француски шампион со Монако во 2017 година. Денес, Менди е играч на полскиот клуб Погоњ Шчечин.

Во еден момент, тој беше најскапиот одбранбен играч во светот. Манчестер Сити го доведе од Монако во 2017 година за 57,5 ​​милиони евра.

Во тоа време, трансферот на францускиот лев бек беше највисокиот дотогаш за еден одбранбен играч.

На почетокот во Сити го мачеа повреди, а во август 2021 година клубот го суспендираше откако беше обвинет за силување во шест наврати.

Две години подоцна, тој беше ослободен од сите обвиненија и успешно го тужеше Сити за неисплатени плати. Ја оживеа кариерата во Лориен, но е далеку од формата што – меѓу другите успеси – му ја донесе титулата светски првак со Франција во 2018 година. Минатата сезона одигра само 11 натпревари за Погон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!

Нашата сила отсекогаш била во различностите. Република Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани, а нејзиниот развој е резултат на придонесот на сите заедници.

МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!

На Мечкин Камен, на местото каде што се испишани најзначајните страници од нашата историја, утре како дел од државната делегација предводена од заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за здравство Сашо Клековски, ќе го одбележиме 2 Август – Денот на Републиката.

Илинден не е само симбол на борбата за слобода, туку и трајна порака дека државата се гради врз идеалите на еднаквост, правда и заедничка иднина. Овие вредности и денес се темелот на нашата Република и на нашата обврска да градиме општество во кое секој граѓанин се чувствува рамноправен и почитуван.

Нашата сила отсекогаш била во различностите. Република Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани, а нејзиниот развој е резултат на придонесот на сите заедници.

Нека зборовите од Крушевскиот манифест нѐ потсетат на една вредност што никогаш не старее, а тоа е заедништвото.

„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници... без разлика на вера, народност, пол и убедувања...“.

Оваа порака и денес зборува за Македонија како заеднички дом на сите нејзини граѓани.

Да ја чуваме таа идеја и денес – со взаемна почит, разбирање и солидарност, затоа што различностите не нѐ разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка иднина.

Нека духот на Крушевскиот манифест биде потсетник дека слободата, правдата и соживотот се вредности што се градат заедно.

Како министер за правда, верувам дека вистинскиот патриотизам се покажува преку почитување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и јакнењето на довербата меѓу сите заедници. Само преку меѓусебна почит, дијалог и еднакви можности можеме да изградиме држава која ќе биде силна, стабилна и успешна за сегашните и идните генерации.

Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката.

Нека живее единството, правдата и заедничката иднина на сите граѓани на Република Македонија!

Јетон Шасивари

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер