ФудбалЈубилеј за македонскиот фудбал – 105 години од првиот официјален натпреварМакедонскиот фудбал денеска слави јубилејни 105 години од првиот официјален фудбалски натпревар одигран во Македонија, кој се одигра тогаш во рамките на отоманската империја. Официјален датум откога започнува да се испишува македонската фудбалска историја е 9 април далечната 1909 година.Тогаш, на празникот Велигден, група турски војници и офицери на школување во западноевропските земји одиграле натпревар меѓу себе на импровизираното игралиште на полјанката зад Учителската школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје. - Првите фудбалери биле турски војници што престојувале во касарната во скопско Дебар Маало, а денот бил толку студен што на полувремето играчите морале да ги облечат шинелите за да се стоплат, пишува Ивко Панговски во својата книга „Скопски фудбалски незаборави“. Две години подоцна, во 1911-та, формиран е првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година. Во април 1919 година во старата зграда на кафеаната „Кермес“ во Градскиот парк е одржано основачкото собрание на СК Напредак, кој набргу потпаѓа под патронат на англиската хуманитарна организација „Христијанска заедница на младите луѓе“. Овој клуб на 20 април 1919 година го одигра првиот официјален меѓународен натпревар во Македонија, забележувајќи ја првата победа над репрезентацијата на англиската војска, со 2-0. Во годините на Втората светска војна, за време на германско-бугарската окупација, била забранета работата на многу фудбалски клубови. Десетина беа примени за членови на Бугарската фудбалска федерација, која ги распореди да се натпреваруваат во Првата и во Втората бугарска дивизија. Во есента 1945 година првпат во историјата на македонскиот фудбал се формира македонската фудбалска репрезентација, која учествуваше во првото повоено првенство на тогашна Југославија. Македонија првиот натпревар го одигра во Белград и загуби од селекцијата на Војводина со 1-3. Голот-првенец за македонскиот тим го постигна Јане Јаневски во 18. минута. По Втората светска војна, од 1945 до 1948 година, македонскиот фудбал организациски функционира во рамките на Фискултурниот одбор на Македонија (ФОМ). На 16 август 1948 година тој одбор прераснува во Фудбалски сојуз на Македонија, прв претседател е писателот Коле Чашуле, а прв генерален секретар Драган Геров-Гагуш. Почетоците или темелите на денешниот ФФМ се поставени на 21 април 1991 година во Струмица. Тогаш беше донесена одлука Фудбалскиот сојуз на Македонија, на чие чело беше Алексо Кипроски, да се раздружи од Фудбалскиот сојуз на Југославија. Денес ФФМ е модерна фудбалска федерација која која не изостанува во поглед на европскитеи и светски стандарди. Минатата 2013 година седиштето се пресели во т.н. Куќа на фудбалот во Ново Лисиче, модерен комплекс во кој се сместени неколку фудбалски терени, со природна и со вештачка трева. ФФМ продолжува и со националната стратегија за младинскиот фудбал, и развој на младите категории, преку поттикнување што поголем број на деца да го засакаат фудбалот и во иднина професионално со него да се занимаваат. Токму за остварување на оваа цел, во декември 2013 година, за прв пат во историјата на македонскиот фудбал, се означи почетокот на сеопфатниот проект за здравствена регистрација и анализа на млади фудбалери, кој опфаќа комплетни здравствени прегледи на повеќе од 400 фудбалери, психолошки анализи, оцена за можностите на секој млад поединец, неговите добри и слаби страни. /ИзворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУХаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!Ова е невиден скандал, аматеризам и катастрофа каква што не се памети ни во најнеразвидените држави! Владата и нивното мнозинство вчера направија класичен испад на „пиши-бриши“ откако сфатија дека “случајно” избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ. Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната порака од Европската комисија е сосем јасна: она што тие го прават со законодавството е чист хаос кој ја става Македонија во ред на крајно нефункционални и неспособни држави. Која будала би инвестирала во земја каде што законите се менуваат секој час само за да се задоволат тесни партиски интереси и директиви? Како што јасно потврдуваат и анализите од последниот Извештај на Европската комисија, високата корупција во земјава останува широко распространета, а честите и непредвидливи измени на законите директно ја засилуваат перцепцијата за неказнивост. Наместо борба против криминалот, власта испорачува само добра претстава за јавноста – лажни реформи, неуспешни конфискации и законски решенија кои ја „галат“ корупцијата, наместо да ја казнуваат. Народот ги трпи последиците од оваа неспособност, додека државата губи на секој чекор. „Ова е врв на неспособноста и ќе речам ‘правно дивјаштво’ кое мора да престане веднаш! Прво си изгласаа амнестија за функционерите за да ја заштитат високата корупција, а сега со секојдневните измени во Кривичниот законик по скратена постапка прават хаос, додека за обичниот граѓанин воведуваат ригорозни казни. Добиваме јасни шлаканици од Европската унија бидејќи оваа власт ја претвори државата во приватна зона за тендери и партиски манипулации. Ваквото скандалозно однесување мора да заврши – доста е од погребување на правната држава!“, порача претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП бара итно запирање на ова законско лудило, повлекување на досегашните штетни интервенции и воспоставување на вистинско владеење на правото, бидејќи Македонија повеќе нема време за губење во рацете на неодговорни политичари!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЖивотЗлато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електранитеНа социјалната мрежа „Threads“ е откриен профил што му припаѓа на Владислав Соколов – претприемач поврзан со наводна проневера на јавни средства наменети за заштита на енергетската инфраструктура во регионот на Киев. Според информации од еден „Telegram“ канал, при претрес на неговиот луксузен пентхаус биле пронајдени базен и терариум со крокодил, пренесува украинскиот медиум „NV“. Блогерoт и новинар Денис Казански прв го сврте вниманието кон профилот на Соколов. „Неговиот профил на ’Threads‘ започнува со фотографија на која е прикажан Руслан Олијник – поранешен заменик на Микола Калашник (кој во меѓувреме поднесе оставка). Интересно е што нема никакво спомнување на неодамнешните настани. Можете да му поставувате прашања во коментарите“, напиша Казански. Фотографии од мермерни столбови, позлатени детали, базен, терариум со крокодил и автомобил „Ролс-Ројс“ брзо се проширија на социјалните мрежи. Корисниците реагираа со саркастични коментари, истакнувајќи дека „ненадминливиот оригинал“ за ваков ентериер е, всушност, домот на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка – кој исто така е осомничен за корупција. Свое мислење изнесе и активистот Серхиј Стерненко. Тој тврди дека Соколов поседува компанија која требало да гради заштитни објекти за енергетски постројки; наместо тоа, средствата наводно биле искористени за создавање на овие раскошни ентериери. Стерненко понатаму ја обвини истата компанија за проневера на средства наменети за изградба на засолништа во училиштата. „Изгледа дека Доналд Трамп доби конкуренција во категоријата ’луксузен кич‘. Запознајте го сопственикот на озлогласениот стан со крокодилот – сопственик на компанија која требало да гради заштита за енергетски објекти во регионот на Киев, но која, како што изгледа, изградила нешто сосема друго“, напиша Стерненко. Шема за проневера на средства наменети за училишни засолништа била обелоденета уште во октомври од страна на Серхиј Болвинов, раководител на истражниот оддел и прв заменик-началник на Главната управа на Националната полиција во регионот на Киев. Според него, во кругот на еден лицеј во градот Крјукившчина се градело засолниште за заштита од зрачење, за што од буџетот биле издвоени повеќе од 3,7 милиони евра. Главниот изведувач ангажирал друга компанија за извршување на градежните работи и ѝ платил за тоа. Сепак, истражителите утврдиле дека тие работи постоеле само на хартија. Компанијата немала ниту вработени, ниту потребна опрема – факт што е потврден со истрага спроведена од даночните органи. На сметките на оваа фиктивна компанија биле префрлени вкупно 240.000 евра; средствата потоа биле подигнати во готовина и поделени меѓу инволвираните лица. Директорот на компанијата е осомничен за службено фалсификување извршено како дел од група – што резултирало со сериозни последици – како и за перење пари, односно прикривање на приноси стекнати преку кривично дело. Болвинов исто така објави фотографии од луксузен стан, направени за време на истрагата. Тој напомена дека полицијата во моментов проверува дали овој имот е поврзан со средствата што се предмет на истрагата. На 3 ноември, активистот Серхиј Стерненко објави дека заштитните мерки во голем број енергетски објекти или воопшто не биле спроведени, или пак биле изведени со сериозни недостатоци. Во својата објава, тој покрена прашања за одговорноста на Микола Калашник, поранешен раководител на Воената управа на Киевската област. „Без спроведување постапка за јавна набавка, Калашник потпиша договори во вредност од над 11 милиони евра за заштита на електрични потстаници со компании кои немаа ниту работна сила, ниту опрема за извршување на такви задачи. Понатаму, против овие компании веќе беа поднесени кривични пријави“, изјави Стерненко. Тој додаде дека компаниите добиле големи авансни плаќања, но не ја завршиле работата на заштита на енергетската инфраструктура. Микола Калашник моментално ја извршува функцијата министер за развој на заедниците и териториите на Украина. Извор: Индекс.хрТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во ДаблинПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook