Јубилеј на музејот „Д-р Никола Незлобински" во Струга

Музејот „Д-р Никола Незлобински" во Струга од денеска до 30 ноември ќе го одбележи 90-годишното постоење со ретроспективни изложби посветени на основачот на оваа национална установа – познатиот руски лекар д-р Незлобински.

Во галеријата „Ванѓел Коџоман" денеска ќе биде отворена изложбата „Русите во Македонија 1920-1940 година", која раскажува за животот и делото на руските емигранти, меѓу кои бил и Незлобински. Преземена е од Државниот архив на Република Македонија. Оргнизатори се Архивот, Институтот за национална историја и Музејот на македонска борба за државност и самостојност..

Во спомен-собата на Незлобински утре ќе биде отворена изложбата „Во допир со минатото", а в четврток јавноста ќе може да погледне фотографии од збирката стаклени негативи на д-р Незлобински. Фотомонографија од оваа збирка ќе биде промовирана во Спомен-домот на браќата Миладиновци.

По победата на Октомвриската револуција, многу руски емигранти, симпатизери на претходниот општествен поредок, во 1919 година ја напуштиле Русија и се населиле во европските земји, меѓу кои е и Македонија. Една група од емигрантите, откако пристигнала во Југославија, била распоредена во Струга. Меѓу нив бил и основачот на струшкиот музеј д -р Никола Незлобински. /МИА

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

притисни ентер