Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици - Канал 5

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје.

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје.

Облечени во стандардниот дрес код - палто, вратоврска, елегантни чевли и задолжително кацига, тие, како и секоја година, така и оваа ќе бидат дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride кое се одржува во 108 држави со вкупно 1036 учесници.

Скопје првпат се најде на мапата на ова глобално движење во 2016 година, а оваа урбана приказна со хуманитарна димензија опстои благодарение на двајцата иницијатори Игор Стефановски и Благоја Петровски.

Стефановски, правејќи ретроспектива на изминатите десет години, оцени за МИА дека поттикот и одговорноста да се продолжи во оваа насока, се уште поголеми имајќи предвид дека од година во година се повеќе се зголемува интересот за учество.

Секоја година се донираат финансиски средства кои потоа се уплатуваат на сметката на фондацијата „Мовембер“ во Лондон, а оттаму се трансферираат во сите оние болници и институции кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и ракот на простата.

Настанот се организира секоја година во втората половина на мај според одредени правила и мора да има одлики специфични за самото движење како уникатни мотори и елегантен дрес код.

Првпат движењето „The Distinguished Gentlemans Ride“ почна во 2012 година во Сиднеј кога Марк Хава облечен во фин машки костим одлучи да продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простата. Од година во година движењето станува се помасовно и на годишно ниво се собираат средства кои преку фондацијата „Мовембер“ се донираат во борбата за ракот на простата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседател поднесе оставка по колапсот на голема банка- милиони граѓани останаа без пари (ВИДЕО)

Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка откако парламентот започна дебата за неговиот импичмент по пропаѓањето на големата комерцијална банка Уено.

Претседател поднесе оставка по колапсот на голема банка- милиони граѓани останаа без пари (ВИДЕО)

Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка откако парламентот започна дебата за неговиот импичмент по пропаѓањето на големата комерцијална банка Уено, што предизвика финансиски и социјални превирања во земјата, објави Си -Ен-Ен.

Дебатата за импичмент започна во парламентот утрово откако поранешниот претседател Орасио Картес, влијателен лидер на владејачката партија, јавно ја поддржа смената на Пења од функцијата.

Пратениците го обвинуваат Пења за судир на интереси, злоупотреба на пензиските фондови и институционално прикривање во врска со пропаѓањето на дигиталниот заемодавач Уено, поради што милиони Парагвајци не можеа да пристапат до своите сметки оваа недела.

Пења беше акционер во групата што го контролираше Уено до минатата година. Регулаторите ја презедоа контролата врз Уено претходно оваа недела и ги замрзнаа заштедите на милиони граѓани, вклучително и пензионери.

Овој потег предизвика масовни протести во земјата, каде што околу еден од тројца граѓани имал депозит во банката.

Кризата, исто така, предизвика сериозни поделби во владејачката партија Колорадо, која го донесе Пења на власт во 2023 година и со децении доминираше на политичката сцена во Парагвај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејми Фокс по трет пат стана татко на 58 години со 27 години помладата девојка

Холивудскиот актер Џејми Фокс стана татко по трет пат, на 58-годишна возраст.

Џејми Фокс по трет пат стана татко на 58 години со 27 години помладата девојка

Познатиот добитник на Оскар го пречека своето прво дете со својата партнерка Алис Хакстеп, која е 27 години помлада од него.

Извор ја потврди веста за списанието People, а името и полот на бебето сè уште не се познати.

Џејми и Алис првпат беа поврзани во 2023 година, кога започнаа шпекулациите за нивната романса. Нивната врска имаше свои подеми и падови, па дури и раскинаа минатата година.

Сепак, не можеа долго да издржат еден без друг, па се смирија истата година, а сега го имаат своето прво дете заедно.

„Го следев примерот на Ал Пачино“: Искрени зборови и шеги за возраста

Гостувајќи во емисијата на Џими Кимел (исто така на 58 години), познатиот актер зборуваше во својот препознатлив стил повторно за родителството во подоцнежните години:

- Моето бебе доаѓа... Сè уште го имам во себе! Повторно сум во ред да ги оставам моите деца на училиште. Немав никакви сомнежи за тоа, но имам 58 години... знаете што сакам да кажам?

Фокс откри дека добил дополнителна самодоверба од разговорот со актерската легенда Ал Пачино, кој на 83 години го доби синот, Роман, со Нур Алфалах (32), во 2023 година:

- Налетав на Ал Пачино. Ако некогаш се сомневав, откако разговарав со него веќе не бев.

Актерот потоа се пошегува за својата иднина со помладата партнерка:

- Дури и ѝ реков на девојка ми: „Слушај, само издржи 12 години“. Ако сега имам 58 години, за 12 години ќе имам 70... само ќе ми фрлаш ќебе преку нозете и ќе ми даваш пудинг од тапиока...

Актерот веќе има две ќерки од претходни врски: Корин (32), која ја имаше со поранешната девојка Кони Клајн, и Анелиз (18), која ја има со Кристин Гранис. Доаѓањето на трето дете го комплетира неговото семејство.

Фокс претходно имал сериозни здравствени проблеми, а неговите ќерки одиграле важна улога за време на неговото закрепнување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж сее смрт низ Турција- денеска убил осум луѓе, а се уште не е уапсен (ВИДЕО)

Осум лица загинаа денеска во пукотници во три села во централниот дел на западна Турција, според локалните власти.

Маж сее смрт низ Турција- денеска убил осум луѓе, а се уште не е уапсен (ВИДЕО)

Приватната телевизиска станица НТВ објави дека полицијата го бара осомничениот возач на црвениот автомобил, кој го виделе сведоци како бегаат од местото на настанот.

„Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е тешко ранет во вооружен напад во нашата покраина“, објави канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар.

Инцидентот се случил рано навечер во рурална област во близина на Афјонкарахисар, град кој се наоѓа на половина пат помеѓу главниот град Анкара и крајбрежниот град Измир.

Жртви пронајдени во три села

Две жени со прострелни рани беа пронајдени на патот во селото Јукаритандир. И покрај тоа што беа итно префрлени во болница, двете им подлегнаа на повредите, забележа државната новинска агенција Анадолу.

Уште три тела беа пронајдени во селото Кијир, кое се наоѓа на половина час возење североисток, и уште три во селото Ајазини, уште половина час возење исток, продолжи Анадолу. Друго лице, кое е пронајдено во критична состојба, се бори за живот во болница, додаде агенцијата, без да прецизира каде е ранет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер