2Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата
МакедонијаЈП Водовод: Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18). Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 10 октомври зема 217 примероци за физичко-хемиска и 217 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје. Тагови: Водата во Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ФудбалСуспендирани 448 турски фудбалски функционериТурската фудбалска федерација привремено суспендираше 448 сегашни и поранешни клупски функционери, вклучувајќи ги претседателот на „Трабзонспор“, Ертугрул Доган, и потпретседателот на „Бешикташ“, Хакан Далтабан. Овој потег е преземен како дел од истрагата за спортско обложување во турскиот фудбал. Од Федерацијата официјално соопштија дека сите суспендирани функционери се обложувале во текот на изминатите пет години додека извршувале функции во клубови од првата и втората лига во земјата. Сите тие се пријавени до дисциплинската комисија на Федерацијата. Турските медиуми известуваат дека, од 448-те суспендирани функционери, 171 биле или моментално се поврзани со клубови од највисокиот ранг на турскиот фудбал. Турската фудбалска федерација го засили надзорот врз спортското обложување откако минатата година земјата беше потресена од голем скандал поврзан со обложување. Како дел од таа истрага, Федерацијата суспендираше 149 судии и 1.024 фудбалери на различни временски периоди. Во посебна истрага спроведена претходно оваа недела, еден функционер и шест члена на главната судиска комисија беа приведени под обвинение за мешање во судиските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЕфес се огласи-Мајк Џејмс ја повреди Ахиловата тетиваТурскиот кошаркарски великан Анадолу Ефес се огласи – црните претчувства се потврдија турскиот евролигаш ја објави и потврди повредата на Ахиловата тетива на Мајк ЏејмсПоразот на Ефес од Црвена Ѕвезда во Белград во рамките на Евролигата падна во втор план за Анадолу Ефес во моментот кога Мајк Џејмс, на носилки, го напушти теренот во „Белградска арена“. Американскиот бек ја повреди Ахиловата тетива за време на дуелот со Црвена ѕвезда, а првичниот впечаток дека станува збор за сериозен проблем набрзо беше потврден и од самиот клуб. По натпреварот, Ефес соопшти дека Џејмс ќе мора да направи дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста на повредата и да се одредат понатамошните чекори. „Следат детални прегледи за Мајк Џејмс поради повреда на Ахиловата тетива, по што ќе се утврди прецизен план за лекување и закрепнување“, се наведува во соопштението на турскиот клуб. Ефес беше поразен од Црвена ѕвезда во „Белградска арена“ со резултат 77:72 во натпреварот од 3. коло на Евролигата, но исходот на мечот беше засетен од загрижувачка сцена. За тимот од Истанбул е особено важно што се повреди играчот кој е најдобар стрелец во историјата на Евролигата. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата, ниту за тоа колку долго Џејмс би можел да отсуствува. Повеќе детали се очекуваат по дополнителните медицински прегледи.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 25 милиони денари инвестиција за енергетски ефикасни училишта и спортска сала во Могила25 милиони денари инвестиција за енергетски ефикасни училишта и спортска сала во Могила, нова градинка, реконструирани и асфалтирани улици.Во Општина Могила се реализираат низа проекти во инфраструктурата, образованието, спортот, социјалната заштита и поддршката на семејствата. По три децении од формирањето на Општина Могила, во завршна фаза е изградбата на првата детска градинка со капацитет за 40 деца и дополнително, аплицирано е за адаптација на просториите во мултифункционалните објекти во Добрушево и Ивањевци за потребите на детските градинки. Во патната инфраструктура се реализирани повеќе проекти низ населените места. Асфалтирани се улиците „АСНОМ“ и „Гоце Делчев“, со реконструиран коловоз, атмосферска канализација и тротоари, завршено е асфалтирањето на последниот дел од патниот правец Долно Српци – Беранци, во тек е реконструкцијата на улицата „Пелагонија“, а предвидено е асфалтирање и на дополнителни улици. Значајни средства се вложуваат и во решавање на проблемите со канализацијата и водоснабдувањето, за што потпишан е договор за доизградба на канализационата мрежа во Добрушево, додека за комплетирање на канализационата мрежа во Ивањевци се обезбедија околу 30 милиони денари, а во тек е изградба на нов водоводен систем, со кој ќе бидат опфатени речиси половина од населените места во општината. Особено значајна е инвестицијата од 25 милиони денари во енергетска ефикасност на јавните објекти, при што опфатени се спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила и основните училишта „Браќа Миладиновци“ во Добрушево и „Кочо Рацин“ во Ивањевци. Проектот предвидува енергетски ефикасни фасади, топлинска изолација, нова ПВЦ столарија, подобрување на системите за греење, модернизација на осветлувањето и поставување фотонапонски панели. Поддршката за семејствата е проширена со повеќе мерки, така што финансиската поддршка за првачињата е зголемена на 9.000 денари, а секое прваче добива и ранец со училиштен прибор, за новороденчињата се обезбедуваат 10.000 денари за прво, 15.000 денари за второ и 30.000 денари за трето дете, додека нова мерка е поддршката од 20.000 денари за новосклучени бракови. Во социјалната сфера, 20 обучени и лиценцирани негуватели обезбедуваат помош и нега за стари и изнемоштени лица во нивните домови, а обезбедена и опремена е просторија за пензионерите во мултифункционалниот објект во Добрушево. Инвестиции има и во спортот и младите, каде што изграден е нов фудбалски терен со вештачка трева во рамките на проектот „FIFA Arena“, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, обезбедена е поддршка за спортските клубови, како и средства за доопремување на спортскиот комплекс „Димче Могилчето“. Во 12 населени места се реализираат реконструкција и изградба на детски катчиња, а преку Младинскиот центар се организираат активности и настани за младите, а паралелно се работи и на локалниот економски развој, така што во зоната Петилеп започнаа првите инвестиции, а реализирани се и обуки за ИТ вештини и претприемништво за рурални жени. За подобрување на комуналните услуги, во соработка со Владата се обезбедени три нови камиони, од кои два веќе се пристигнати, како и нови канти и контејнери, додека во делот на заштитата на животната средина реализирани се повеќе еколошки акции и засадени се над 200 нови садници. Реализацијата на проектите со цел подобрување на условите за животот на граѓаните продолжува и во следниот период, со фокус на инфраструктурата, образованието, семејствата, младите и спортот во сите населени места. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook