ЈП Водовод: Системот е преоптеретен, освен зголемената потрошувачка, се почесто има диви приклучоци на вода - Канал 5

ЈП Водовод: Системот е преоптеретен, освен зголемената потрошувачка, се почесто има диви приклучоци на вода

За само две недели ЈП Водовод и канализација открило преку 50 диви приклучоци на територијата на Скопје. 

ЈП Водовод: Системот е преоптеретен, освен зголемената потрошувачка, се почесто има диви приклучоци на вода

Оттаму велат дека освен што нелегалните приклучоци ги „ловат“ на дивоградбите, најчесто ги има и во руралните средини каде се користат за наводнување на нивите. Според податоците на Водовод најалармантно е во делови од Чаир,Сарај, Студеничани, Бардовци, Злокуќани и Бутел. Цената на водата во главниот град е од социјален карактер, вели раководителот за електромашински работи во претпријатието Дејан Димовски, па според него неразбирливо е што несовесни граѓани и натаму нелегално се приклучуваат на системот, а со тоа прават колективна штета на целиот град.

- Се повеќе и повеќе луѓе се обидуваат да се приклучат диво на нашата мрежа и да извршат манипулација на нашиот систем. Неразбирливо е зошто тоа го прават затоа што 1000л вода или 1м3 вода е околу 31 денар. Значи водата во град Скопје има се уште социјален карактер. Ние континуирано се обидуваме да ги спречиме тие диви приклучоци, меѓутоа континуирано имаме нови и нови обиди, така да само во последните 2 недели имаме преку 50тина приклучоци на ниво на територија на Скопје,- Дејан Димовски.

Во истите населени места, односно најмногу во пределите каде луѓето живеат во индивидуални куќи, Водовод повторно алармира за нерационално трошење на водата. Додека претпријатието произведува рекордна количина на вода од 350 илјади м3 на дневно ниво, несовесни граѓани најчесто во попладневните часови трошат огромни количини на вода – вели Димовски, нагласувајки дека системот постојано работи со максимално оптеретувње, што наскоро може да предизвика технички проблеми.

- Најголемата потрошувачка е после 18 часот каде што луѓето нерационално ја користат водата за полевање, разладување, полнење базени, разладување бетонски површини има голем број на луѓе кои што неодговорно се однесуваат и буквално ги прскаат улиците и асфалтот. Системот на техничко ниво сега буквално фукционира на максимално ниво и не може повеќе вода да се испорача во градот, постои технички ризик дека може да се појават технички проблеми поради тоа што долго време системот е максимално оптеретен,- Дејан Димовски.

Проблемот со недостаток на питка вода и нејзиното нерационално трошење е алармантен и на светско ниво. Димовски посочува дека во последните 40 години, пристапот до питка вода е намален од 3,5% на 1%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер