ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет - Канал 5

ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.09.2026 до 25.09.2026 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Студентите нема повеќе да чекаат на шалтерите на ЈСП за да извадат картичка за бесплатен превоз

Се воведува дигитална студентска картичка, решение кое е  подготвено преку соработка меѓу ЈСП, ФИНКИ и универзитетите, а со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП.

ВМРО-ДПМНЕ: Студентите нема повеќе да чекаат на шалтерите на ЈСП за да извадат картичка за бесплатен превоз

Со воведувањето на дигиталната студентска превозна картичка, барањето на студентите се претвора во конкретно решение. На овој начин студентите добиваат поедноставен пристап, наместо повторно да носат хартиени потврди.

Ова решение се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“.

Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите.

Така, нема да има потреба студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка како што беше до сега.

Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus.

Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката, а QR-кодот од својот телефон ќе биде за валидација во автобусот.

Оваа реформа е уште еден доказ дека модернизацијата на јавните услуги оди рака под рака со грижата за младите. УМС на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена кон темите што ги засегаат студентите, ќе го следи спроведувањето на промената во пракса и ќе ги пренесува понатаму нивните предлози и забелешки до надлежните институции.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“.

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ.

„Види како Локрум мие заби“, во режија на Паоло Тишљариќ, е емотивна и длабоко интимна приказна која се одвива во текот на една ноќ – помеѓу моментот кога главната протагонистка ја дознава веста за смртта на својот татко и неизбежното соочување со загубата.

Низ четири генерации жени од едно семејство, претставата ги истражува сеќавањата, тагата, љубовта и сложените семејни врски. Таа исто така говори и за начините како човекот се справува со болката и загубата.

Претставата е копродукција на Казалиште „Марин Држиќ“ и Дубровничките летни игри, а драматизацијата ја потпишува Маријана Фумиќ.

Во актерската екипа настапуваат Марија Шегвиќ / Ирена Тереза Прпиќ, Сандра Лончариќ, Миреј Станиќ, Ања Матишиќ, како и Перица Мартиновиќ, Ника Ласиќ, Борис Матиќ и Бојан Берибака.

По премиерната изведба, претставата оствари бројни гостувања во Хрватска и странство, настапувајќи на значајни фестивали и сцени во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција.

Македонскиот народен театар со особено задоволство ја продолжува меѓународната културна размена со еден од најзначајните хрватски театри. Ова гостување ќе биде уште една можност за зближување на уметниците и публиката преку театарската уметност.

Билетите се пуштени во продажба онлајн и на билетарницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Рижото со морски плодови

Во понеделник (21.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Благица Павловска 

„Гответе со Дракче“ - Рижото со морски плодови

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ракчиња

1 пакување мешани морски плодови

100 гр. ориз

1 пакување доматен сос

2 - 3 чешниња лук

1 мала главица кромид

маслиново масло

зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер