Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
1Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
3Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
МакедонијаЈП „Лајка“ слави 5 годиниЈП „ЛАЈКА“ СЛАВИ 5 ГОДИНИ – СЛУШНЕТЕ ГИ ПЕТТЕ РОДЕНДЕНСКИ ЖЕЛБИ НА КУЧЕТО!Драги сограѓани, пријатели, поддржувачи и активисти, ЈП „Лајка“ е живо сведоштво дека и во ограничени услови – со труд, посветеност и заедничка волја – може да се создаваат успеси, среќни судбини и вистински промени. Во изминативе години, ја трансформиравме „Лајка“ во институција што покажува дека системот може да биде и хуман, транспарентен и посветен на секое живо суштество. Но останува уште многу работа – пред сè, потребно е најстрого и со закон да се регулира одговорното сопствеништво. Без тоа, не можеме да го решиме проблемот – зошто секојдневно повторно гледаме нови и нови кучиња на улиците. И повторно се враќаме во круг. „Лајка“ не е само стационар. „Лајка“ е идеја – доказ дека хуманоста може да биде институционализирана, дека љубовта кон животните не е сентимент, туку вредност. �� Во чест на овој јубилеј, ги споделуваме петте роденденски желби на кучето: �� Секое куче да има свој дом. Не засолниште, не кафез – туку топол агол, свое ќебе, свое име и некој што ќе го чека. �� Да нема повеќе гладни, болни и заборавени. Хуманоста не е луксуз – таа е обврска. Да не свртиме глава никогаш, кога можеме да помогнеме. �� Да се знае дека секој живот вреди. Нема „куче скитник“. Постојат само кучиња – живи суштества со чувства, страв, љубов и верност што не се купува. Дури и кога се бездомни – копнеат по љубов, семејство, дом. �� Да бидеме општество кое не убива, туку решава. „Лајка“ покажа дека хуманото е возможно – систем што лечи, вдомува, едуцира и обединува. �� Да веруваме во добрината. Секое вдомено куче е доказ дека љубовта може да се најде – дури и по долг престој зад решетки. �� На петтиот роденден на ЈП „Лајка“ – не ни требаат подароци, ни требаат луѓе. Луѓе кои ќе вдомат, ќе дојдат, ќе прегрнат, ќе го почувствуваат пулсот на хуманоста што ја градиме заедно. �� Ве покануваме на роденденска дружба! Да го прославиме животот, надежта и сите спасени приказни. �� ЈП „Лајка“ – наши години љубов, работа и отпор кон рамнодушноста. Затоа што секое куче заслужува шанса. А ние треба само – да бидеме луѓе. #Лајка5 #ВдомиЉубов #ХуманостаЕНашИзборТагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаКузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!Вистината за Алта банка е на виделина. Јавното обвинителство и Ненад Савески нема што повеќе да чекаат, мора веднаш да постапат.Во Србија на Алта банка ѝ е одземена дозволата. Отворен е стечај. Уапсен е сопственикот Давор Мацура. Има истрагата за 380 милиони евра. Во Македонија нема никаква реакција од Обвинителството. Народот не може да дојде до своите пари а тие што ја донесоа Алта банка во Македонија, уште договараат и нов сопственик. Фактите се јасни како ден. Трајко Славески и Христијан Мицкоски ја внесуваат Алта банка во Македонија, пералница на пари на Вучиќ со сомнителен капитал. Има јавно признание од Трајко Славески дека зад одлуката за Алта банка стои Христијан Мицкоски. Иако Народна банка треба да е независна институција. Иако СДСМ уште во декември 2025 година предупредуваше и алармираше јавно за позадината на оваа банка, за врските со Вучиќ, со СНС, со ВМРО и за сомнителниот капитал. Иако во Европа имаше санкции и суспензии, во Црна Гора е одбиена, Славески и Мицкоски ја носат Алта банка во Македонија. Во Законот за банки, член 13, се наведува дека „Акционер со квалификувано учество во банка не може да стане лице или правно лице контролирано од лице на кое му е изречена прекршочна санкција„ А Alta Group —во 2024 година била правосилно санкционирана од Австриската FMA. Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка. Дополнително морал да ја погледне и репутацијата на сопственикот Давор Мацура, банкарот на Вучиќ кој стана банкар на Мицкоски а сега во притвор. Покрај се ова наведно, Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата. Не само што му дозволи да купи банка, Мицкоски му дозволи на Мацура да купи и осигурително друштво. Сите овие факти, заедно со јавното признание на Славески за политичко влијание на Мицкоски повикуваат на акција на Обивнителството. Молкот ја продлабочува недовербата и отвора сомнеж дека се штити Мицкоски. Се оставаат Мицкоски и Славески да ја заташкаат работата, да уништуваат докази, да не се дознаат сметките, транакциите од Алта банка. Нека не чека Савески повик од Мицкоски. Нека му ги одбиве повиците и нека постапува. Обвинителството има обврска кон граѓаните. Бараме веднаш да се испитаат сите околности за влезот на Алта банка во Македонија. Улогата на Мицкоски. Постапувањето на Славески. Предлогот на Кочоска. Владините заклучоци. Потеклото и текот на парите. Сите инволвирани да одговараат. Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка. Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот. Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија. Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш! Одговорност ќе има! Прес конференција на СДСМ, Бодганка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаПриведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар. „Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи. Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“. Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови. Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH. Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата. NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза. Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter