ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Карпош - Канал 5

ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Карпош

Локалната самоуправа ќе воспостави меѓуопштинска соработка со Град Скопје, за заловување и собирање на бездомни односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, кои ќе бидат затекнати на јавните површини на подрачјето на Карпош.

ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Карпош

Поддршка за оваа Одлука дадоа советниците од Општина Карпош, кои во рамки на денешната 10-та седница одлучуваа по 13 точки кои се најдоа на дневниот ред. Поврзано со оваа Одлука, Градот Скопје ќе учестувува во меѓуопштинската соработка со обезбедување трајно и квалитетно вршење на заедничката надлежност на целото подрачје на главниот град, преку Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, како и со сопствени финансиски средства за таа намена. Во случајов, Општина Карпош ќе учествува во меѓуопштинската соработка со предвидени финансиски средства во износ од 2.000.000 денари поединечно за таа намена. За реализација на оваа Одлука, градоначалникот на Општина Карпош ќе склучи договор со градоначалникот на Град Скопје и директорот на јавното претпријатие во форма и содржина пропишана со Законот за меѓуопштинска соработка, во кој детално ќе се уредат прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка.

Во рамки на денешната седница, советниците едногласно ја поддржаа Предлог – Одлуката со која Советот даде согласност, Општина Карпош да аплицира на Јавниот повик насловен како „Повелба на градоначалници на Југоисточна Европа – Зелени шампиони 2026 година“. Крајниот рок за аплицирање на Јавниот повик е 24 март 2026 година, а инаку станува збор за проект за имплементирање на мерки од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, во рамки на спортската сала „Наум Наумовски - Борче“. Воедно, Општината ќе аплицира на споменатиот Јавен повик чија крајна цел е поставување на комбиниран фотоволтаичен систем (фотоволтаици и соларни панели), на покривот на спортската сала „Партизан“, за добивање на електрична и топлинска енергија за потребите на култниот спортски објект.

Советот го усвои и Годишниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година, како и Годишната сметка на Буџетот на локалната самоуправа за 2025 година. Во таа насока беше усвоена и Завршната сметка на Општина Карпош за 2025 година, која е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Според образложението на овој документ, вкупните приходи на консолидираниот буџет се предвидени во износ од 1.872.582.953 денари и се релизирани вкупни приходи во износ од 1.533.995.339 денари или поточно 82% на реализација. Додека пак, приходите на општинскиот буџет се предвидени во износ од 1.061.771.953 денари, а се реализирани приходи во вкупен износ од 779.791.945 денари, или вкупно 73% на реализација во однос на Буџетот.

Со истата динамика, советниците ја поддржаа и Предлог – Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година. Во Предлог – Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година се предлага да се извршат измени во расходниот дел на Буџетот.

За таа намена, измени се вршат во колоната на Буџет во програмата EOO-Oпштинска администрација каде што се врши намалување на контата Привремени вработувања во износ од 3.000.000 денари, и се намалуваат средствата во износ од 4.800.000 денари, на конто Плаќање по судски решенија. Исто така се намалуваат средствата и во програма ВАА - Капитални расходи за детски градинки на конто Реконструкција на други објекти во износ од 4.800.000 денари. Се намалуваат средствата и во програма ФАО-Уредување на градежно земјиште, на конто надомест за одземен имот во износ од 2.400.000 денари. Средствата во програмата ВАА-Капитални расходи за детски градинки се зголемуваат во износ од 15.000.000 денари, на конто Купување на друг мебел, а зголемувањето на средствата е заради купување на нов мебел за потребите на новоизградената детска градинка „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1.

Со поддршка на Советот беше усвоена Одлуката за формирање на Локален Совет за превенција на Општина Карпош, како советодавно и координативно тело кое ќе остварува соработката и ќе го зајакне влијанието на јавноста во работата на полицијата. Целта на Локалниот Совет за превенција се состои во изградба за заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општина Карпош, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Со Локалниот Совет за превенција заседава градоначалникот Сотир Лукровски, а на покана од Општината учествуваат претставници од локалната и централната власт, како и од различни владини и невладини организации и други релевантни субјекти, кои по потреба се вклучуваат во работата на Советот.

Консензус беше постигнат и за Предлог – Одлуката за давање согласност за користење на Малата сала, која е составен дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан. Во случајов, корисниците имаат право да го користат објектот, во точно утврдените (бараните) термини и само за извршување на дејностите за кои што е наменет објектот (боречки спортови, фолклор, модерни танци, аеробик, пилатес и сл.). За истата цел беше поддржана Одлуката за давање согласност за користење на повеќенаменската сала, која е дел од спортскиот објект „Наум Наумовски Борче – Партизан“. И во овој случај корисниците имаат право да ја користат салата, во точно утврдените (бараните) термини и само за извршување на дејностите за кои што е наменет објектот (кошарка,фудбал,одбојка и ракомет). Позитивно мислење доби и Предлог – Одлуката за давање согласност за користење на хол за пинг понг, кој исто така е дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“. Висината на надоместокот за користење на делот од салата „Партизан“ за намена пинг – понг за времетраење од 60 минути (еден термин) ќе изнесува 300 денари со вклучен ДДВ.

Советниците дадоа „зелено светло“ за Предлог – Одлуките со кои Општина Карпош ќе додели парични средства во вид на финансиска помош, за лекување на двајца нејзини жители. Согласност доби и Предлог – Решението за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување на член во Управниот одбор на детската градинка „Орце Николов“.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер