JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“ - Канал 5

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. 

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата.

ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја демантираат СДС, за две години ВМРО-ДПМНЕ исплаќа повеќе субвенции отколку СДС и ДУИ за три години

СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДС остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја демантираат СДС, за две години ВМРО-ДПМНЕ исплаќа повеќе субвенции отколку СДС и ДУИ за три години

Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни.

Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на владата на СДС и ДУИ за периодот 2021 -2023 година тогаш доаѓаме до вкупна сума која за 3 години е помала од 14 милијарди денари.

За разлика од владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно ќе има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години отколку што СДС и ДУИ, исплатиле за 3 години.

Ова е вистината, а не конструкции на безидејната СДС која се обидува да ги манипулира земјоделците и граѓаните.

Во однос на сточарите и млекото, СДС како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко. Особено е апсурдно што токму СДС зборува за млекопроизводството, сектор во кој со месеци не беа исплаќани субвенции за предадено млеко.

Денес за прв пат после десет години во 2025 година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024 година. Зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024 година.

Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар. И во производството на пченица лани за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица.

Наместо поддршка, од СДС земјоделците добиваа празни ветувања и оправдувања.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026 - Обедини 70.688 учесници и собра 684.777 килограми отпад

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026 - Обедини 70.688 учесници и собра 684.777 килограми отпад – институциите незаменливи, граѓаните и компаниите двигатели на промените.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026 - Обедини 70.688 учесници и собра 684.777 килограми отпад

Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот.

За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, со што од локална иницијатива прерасна во национално движење за заштита на животната средина.

Само годинава, од 8 до 10 мај, во рамки на шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД беа реализирани повеќе од 600 акции за чистење отпад и 1.900 едукативни активности „Еко час“ во 81 општина низ државата.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е организирана од Мен енд Маунтен заедно со официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Саубермахер, Пивара Скопје, ЕВН, Шпаркасе банка, ИУТЕ, Макстил, КАЗ Груп, Црвен крст, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука, општините, невладините сектори и државните институциите.

По завршувањето на еко акцијата, отпадот беше собран и подигнат од локалните комунални претпријатија и професионално депониран. Селектираниот отпад како пластика, лименки и хартија го подигнаа Пакомак, а електронскиот отпад го превземаа Нула Отпад.

Една од најважните придобивки на иницијативата е што ја надмина поделбата на „надлежни“ и „граѓани“. Заедничкото делување на граѓанската посветеност и институционалната поддршка, овозможи значителна промена кон подобро во нашето општество. Токму таа искра со текот на времето прерасна во иницијатива која денес ја препознаваме како „Генералка викенд“, која потсетува дека чистата животна средина е заедничка одговорност. Институциите имаат обврска да го собираат и управуваат отпадот, но секој од нас треба правилно да го депонира својот отпад и да ги почитува јавните простори што им припаѓаат на сите граѓани.

Најголемата вредност на оваа иницијатива, не се само бројките на собраниот отпад, туку и подигнување на свеста. Гордана Софија и Ханес Јекл, идејните творци на Генералка викенд велат дека со оваа еко акција граѓаните можат да бидат двигатели на позитивни промени, а не само неми набљудувачи и критичари. Денеска се горди што таа идеја прерасна во национално движење, кое обединува десетици илјади луѓе низ целата држава.

„Од самиот почеток ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е иницијатива за создавање долгорочна промена во однос на животната средина. Институциите и приватните компании имаат важна и незаменлива улога во управувањето со отпадот, но чистата животна средина зависи и од дневните навиките на граѓаните. Токму затоа, наша цел е да поттикнеме култура на лична одговорност и грижа за просторот што го делиме. Во општество во кое често сме поделени по различни прашања, Генералка викенд покажа дека постојат вредности околу кои можеме да се обединиме. Успеавме да ја претвориме загриженоста за загадувањето во конкретна акција и покажавме дека граѓаните можат да бидат двигатели на позитивни промени, а не само неми набљудувачи и критичари. Нашата цел е јавниот простор, кој ни припаѓа на сите нас да почнеме да го доживуваме како продолжение на сопствениот дом. Само така можеме да изградиме трајна промена и почиста иднина за сите граѓани. Горди сме што таа идеја прерасна во национално движење кое обединува десетици илјади луѓе низ целата држава“, велат Гордана Софија и Ханес Јекл, од Мен енд Маунтен.

Но вистинското лице на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД не се бројките. Тоа се илјадници граѓани кои одлучуваат да излезат на терен за да се вклучат. Децата кои за првпат учат што значи лична одговорност кон нивната околина. Родителите кои ги носат своите семејства на еко акции. Учениците кои ги мотивираат своите другари. Волонтерите кои покажуваат дека промените започнуваат од секој поединец.

Во соработка со ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, Министерството за образование и наука, заедно со УНИЦЕФ, имплементираа образовна програма наречена „ЕКО ЧАС“. Десетици илјади ученици во целата земја научија да го комбинираат знаењето за екологијата и циркуларната економија со практични активности.

Во време кога јавноста често е обесхрабрена дека промената изгледа невозможна, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД испраќа поинаква порака – дека заедничкото делување има смисла и дека секој може да биде дел од решението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Македонија го добива првиот центар за ВИ - „Везилка“

Министерот Андоновски најави дека Македонија го добива првиот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела.

Андоновски: Македонија го добива првиот центар за ВИ - „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во телевизоиско гостување говореше за следните чекори на државата во областа на вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор.

Во гостувањето, министерот Андоновски најави дека Македонија го добива првиот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии.

„Везилка“ е проект насочен кон дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел кој ќе може да се користи од институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Целта е да се намали зависноста од странски алатки кои често не го препознаваат доволно прецизно македонскиот јазичен, историски и културен контекст.

Министерот Андоновски истакна дека преку овој проект се поставуваат темелите за создавање домашни решенија базирани на вештачка интелигенција, кои ќе бидат во функција на јавниот интерес, образованието, науката, енергетиката, економијата и дигиталната трансформација на државата.

Во рамки на активностите, Носителот на проектот „ФИНКИ“ веќе воспостави соработка со повеќе релевантни институции, меѓу кои Службен весник, Собранието, Националната и универзитетска библиотека, МАНУ, како и институтите за македонски јазик и литература. Преку оваа соработка ќе се обезбеди квалитетна и точна база на податоци, вклучително и законски и подзаконски акти, стручна литература и други релевантни содржини на македонски јазик.

Андоновски најави и дека граѓаните ќе имаат можност да придонесат во проектот преку прикачување на сопствена дигитализирана литература, магистерски, докторски и стручни трудови, со што директно ќе помогнат во збогатување на македонскиот дигитален јазичен корпус.

Во емисијата беше посочено и дека Министерството работи на подготовка на компактен закон за вештачка интелигенција, кој нема да ја ограничува употребата на новите технологии, туку ќе постави јасни етички и морални стандарди, транспарентност и правила за нивна правилна примена. Фокусот ќе биде на областите каде што вештачката интелигенција може да има најголемо влијание, како јавната администрација, здравството, земјоделството и културата.

Проектот „Везилка“ чини вкупно 6,5 милиони евра, од кои 1,5 милиони евра се државни средства, 1 милион евра се обезбедени од факултетите, а остатокот е поддршка од Европската Унија. Министерот Андоновски посочи дека до крајот на оваа или почетокот на следната година Македонија веќе ќе има функционален јазичен модел, кој ќе биде понуден како „open-source“ решение за сите домашни институции и компании.

На прашање за исполнувањето на чекорите од Реформската агенда, министерот Андоновски одговори дека со исполнувањето на чекорите во јуни од страна на Министерството за дигитална трансформација се отвораат нови 16,9 милиони евра од Планот за раст. Тој нагласи дека Министерството продолжува посветено да работи на реализација на обврските од реформската агенда со цел обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер