ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуни - Канал 5

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуни

Во текот на месецот јуни, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 6165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуни

Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улицата Лихнида и во Новоселски пат.

На територијата на скопската општина Бутел, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 155 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира и 14 030 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со секојдневно машинско миење на скопските булевари и улици, со употреба на автоцистерни. Седум дена во неделата, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење и миење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд

Времето утре променливо облачно време со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се превртел преполн траект во Зимбабве, има 44 мртви

Најмалку 44 лица загинаа откако преоптоварен траект се превртел на езерото Кариба во Зимбабве, потврди полицијата.

Се превртел преполн траект во Зимбабве, има 44 мртви

Бродот бил регистриран за 90 лица, но според продажбата на билети, превезувал 114 патници и пет члена на екипажот, со непознат број деца на бродот, објавува „The Guardian“.

Иако официјалните бројки покажуваат дека бројот на лица на бродот е 119, не вклучувајќи ги децата, член на екипажот изјави за националниот радиодифузер „ZBC“ дека во времето на несреќата имало вкупно „153“ лица на бродот. Тој рече дека траектот се превртел вчера поради високите бранови.

Еден од преживеаните патници изјави за „ZBC“ дека водата почнала да влегува во бродот околу триесет минути откако отпловил од градот Кариба кон островите и рибарските кампови. Единицата за цивилна заштита на Зимбабве (ЕЗЗ) соопшти дека специјализиран нуркачки тим е испратен на местото на настанот и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува. Во претходните извештаи, ЕЗЗ наведе 15 мртви и 27 исчезнати.

Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен

Полицијата на Зимбабве го ажурираше бројот на жртви попладнево преку две објави на платформата „X“, објавени со разлика од 32 минути. Тие прво објавија 38 мртви. „Телата се извлечени од езерото“, напишаа тие. Набргу потоа, бројот на потврдени жртви се искачи на 44.

Телевизијата „ZBC“ вчера објави видео на кое се гледаат неколку преживеани како седат на превртениот труп на траектот. Најмалку четири моторни чамци им доаѓаат на помош, додека хеликоптер лета над областа. Макстон Канхема Пејџ, медиумскиот работник кој прв го објави видеото, исто така сподели видео од брегот на својот Фејсбук профил.

Во објавата, тој напиша дека езерото е „луто“. „Неколку моменти подоцна добив повеќе од 200 повици за потонувањето на траектот. Навистина тажен ден“, додаде тој. Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен. Се протега на околу 240 километри по границата помеѓу Зимбабве и Замбија.

Ова не е првата несреќа на езерото.

Беше создадено во 1950-тите со изградба на брана на реката Замбези, британски колонијален проект кој расели околу 57.000 луѓе. Браната Кариба сега ги снабдува двете земји со најмалку една третина од нивната електрична енергија. Несреќите на езерото не се невообичаени.

На замбиската страна во 2014 година, 26 лица, меѓу кои 24 деца, се удавија кога се преврте брод што ги превезуваше на прослава на Денот на независноста. На зимбабвеската страна, пет лица загинаа во несреќа во 2021 година, а во октомври 2023 година, три лица исчезнаа откако се преврте брод. Еден месец пред тоа, се преврте и полициски брод, но тогаш немаше жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша!

Денес, во голема и координирана акција, се отстранува површинскиот отпад од долгогодишната депонија во Радуша, локација околу која изминативе денови се создаде непотребна паника и се пласираа тврдења дека наводно е загрозена водата од изворот „Рашче

Ѓорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша!

Уште еднаш јасно да потенцирам:

депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот „Рашче“ и не претставува основа за тврдењата што се ширеа во јавноста.

Но, кога станува збор за здравјето, сигурноста и спокојството на граѓаните, за нас нема „туѓа надлежност“.

Иако чистењето на оваа локација не е обврска на Град Скопје, денес сме на терен и ја чистиме.

Истовремено, сакам уште еднаш да бидам целосно јасен:

водата во Скопје е безбедна за пиење!

Секојдневно се вршат детални анализи во една од најсовремените лаборатории со која располага ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Резултатите се јасни и нема простор за паника, шпекулации или ширење страв меѓу граѓаните.

Оние случаи кои во текот на вчерашниот и денешниот ден создадоа вознемиреност и паника меѓу скопјани, веќе разговараат со надлежните органи.

Скопје е безбедно и така ќе остане.

Никогаш нема да дозволиме неодговорност, негрижа или нечии манипулации да го загрозат здравјето и безбедноста на нашите сограѓани.

Ќе реагираме секогаш, навреме и одговорно.

Затоа што кога станува збор за Скопје и за луѓето кои живеат во него, нема компромиси.

Скопје го чуваме.

Скопје го штитиме. Заедно!- објави на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер