Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
2Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
МакедонијаЈП „Комунална хигиена“: Лани собрани 21.995 кубни метри отпад од диви депонии Лани собрани 21.995 кубни метри отпад од диви депонии, што поскоро закон за формирање комунална полиција. Подигнати и транспортирани биле вкупно 21.995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во скопските општини во текот на 2025 година, од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје. Претпријатието нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје, се нагласува во денешното соопштение од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.. Најголемо количество непрописно одложен отпад било отстрането во скопските општини Центар и Чаир. - Екипите на претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на булеварот „Никола Карев“ - „Пластичарска улица“, на аголот со улицата „Максут Садик“, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад, се посочува во соопштението. Во текот на минатата година, еко-патролата на претпријатието врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници - вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир. Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВодата за пиење во Крушево е бактериолошки неисправнаЦентарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути. Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваСлавна манекенка го прослави роденденот во бикини (ФОТО)Жизел Бундхен го прослави својот 46-ти роденден во понеделник, 20 јули, а два дена подоцна им се заблагодари на своите следбеници за нивните бројни честитки. По тој повод, таа објави неколку фотографии на Инстаграм, меѓу кои се издвои онаа на која позира во бикини со леопардски принт опкружена со розови балони. Супермоделот на фотографијата нема шминка и ја остави косата природно брановидна. Таа објави и селфи и фотографија на која се гледа раката на нејзиниот најмлад син како посегнува по балони покрај торта во облик на срце. View this post on Instagram A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) Момчето е родено во февруари 2025 година во нејзината врска со Хоаким Валенте, но двојката сè уште јавно не го открила неговото име. „Ви благодарам на сите за љубовта и желбите за роденден. Многу сум благодарна за новото поглавје што започнува и за сите авантури што ме чекаат“, напиша Бундхен со објавата. „Нека љубовта и добрината што ја споделувате ви бидат илјадакратно возвратени.“ Тој го крие својот приватен живот од јавноста Манекенката има две деца од бракот со поранешниот сопруг Том Брејди, 16-годишниот син Бенџамин и 13-годишната ќерка Вивијан. Во последниве години, таа го држи својот приватен живот сè повеќе подалеку од јавноста, особено по раѓањето на нејзиното најмало дете. Сепак, претходно овој месец таа сподели ретки фотографии од семеен одмор. На една од нив се гледа како се држи за раце во океанот со својот најмлад син, додека на други фотографии се гледаат нејзините постари деца Бенџамин и Вивијан како се дружат со нивниот помлад брат. View this post on Instagram A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) Како го гледа стареењето Во 2020 година, по повод нејзиниот 40-ти роденден, Бундхен разговараше со списанието Allure за тоа како ги гледа наредните години. „Стареењето е убава работа и природен дел од животот, но може да биде и предизвикувачко“, рече таа во тоа време. „Кога ги набљудувам промените и ги гледам сите години што ги проживеав, чувствувам голема благодарност. Колку што стареам, толку поудобно се чувствувам во сопствената кожа. Благодарна сум за секое искуство и секоја година од мојот живот.“ View this post on Instagram A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) На панел-дискусијата во 2023 година, откако стана амбасадор на брендот Gaia Herbs, таа зборуваше и за навиките што ѝ помогнале да се чувствува подобро во четириесеттите отколку во дваесеттите години. „Медитирам и вежбам секој ден. Навистина сум благодарна за моето тело. Сега научив дека моето тело е мој храм и сакам да уживам во тоа бидејќи не бев добра кон себе во моите дваесетти години и тинејџерските години. Затоа движењето ми е исклучително важно“, рече таа. Таа додаде и дека престанала да консумира алкохол. „Не сум пијан повеќе од две години и неверојатно е колку ми е појасен умот“, рече таа.Тагови: бикини манекенка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следатСоветот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, го усвои Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за оштетените објекти на граѓани и правни лица по силното невреме што пред два дена го зафати Скопје.На седницата, градоначалникот Герасимовски истакна дека личниот пример е најважен, и во акциите на терен и со носење конкретни мерки за поддршка на погодените жители. „Мој приоритет отсекогаш биле граѓаните. Никој нема да остане сам во справувањето со последиците. Покрај институционалната помош што ја обезбедува Општина Центар, предлагам и јас како градоначалник, како и сите советници, со личен пример да покажеме солидарност и да дадеме финансиска помош за погодените од невремето. Во вакви моменти треба да покажеме единство, одговорност и вистинска грижа за нашите сограѓани“, истакна Герасимовски. Согласно усвоениот правилник, финансиските средства од општинскиот буџет ќе се доделуваат за санирање на оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување на територијата на Општина Центар. „Кога граѓаните се соочуваат со тешкотии, наша должност е да бидеме први што ќе помогнеме. Така ќе биде и овојпат. Граѓаните секогаш биле и ќе останат наш најголем приоритет“, порача Герасимовски. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter